Vrabotuvanje.com - Оператори за чистење на системи за вентилација и климатизација - Скопје - ЕЦОТИП
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Оператори за чистење на системи за вентилација и климатизација

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕЦОТИП

Ecotip е модерна приватна општествено одговорна компанија, лидер во неколку дејности во регионот.

Основни дејности се филтрација на воздух и течности, трансмисија и трансмисиони елементи, процесен инжинеринг и дистрибуција на материјали од нерѓосувачки челик и алуминиум, опрема за заштита при работа и трговија со масла и мазива и ги има прифатено сите принципи на современиот бизнис: Квалитет, Сигурност, Експедитивност, Едноставност. Темел на нашата програма е да бидеме Практични, Графички и Аналитички. 

Поради проширување на тимот, објавува ОГЛАС за вработување на:

Оператори за чистење на системи за вентилација и климатизација

Вашата работа вклучува:

  • Изведување на  механичко чистење на системите за вентилација и климатизација со помош на специјална опрема за чистење
  • Чистење на системите на хауби, кујнски канали и мотори по високи стандарди и на задоволство на клиентот, вклучувајќи планирање и подготовка на работната површина од страна на лидерот на тимот
  • Способност за работа на височини и во ограничени простори
  • Работење со соодветна роботска опрема според однапред дадени инструкции
  • Работење со рачен алат и опрема
  • Флексибилно работење
  • Патување на различни локации во Македонија
  • Градење на позитивни релации со клиентите и колегите
  • Извршување на останати активности и задачи

Компанијатa ви нуди:

  • Конкурентна плата
  • Во зависност од вашиот интерес на стекнување на нови вештини имате можност за побрз напредок
  • Можност за месечни бонуси
  • Можност да заработите повеќе преку прекувремена работа
  • Обезбедување на комплетна лична заштитна опрема и облека
  • Платено колективно осигурување
  • Други индивидуални бенефиции

Потребни квалификации:

  • ССС
  • Пожелно, но не и неопходно, претходно работно искуство во чистење системи за вентилација и климатизација
  • Познавање на работа со рачен алат
  • Способност за работа со рокови
  • Подготвеност за самостојна работа како и работа во тим

Возачка дозвола минимум Б категорија

Напомена:

Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. 
Апликациите без назнаки нема да бидат контактирани.
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде