Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:
Локација: Скопје
Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани и креативни кандидати кои би се приклучиле на нашиот тим за Човечки ресурси.
Како Асистент за човечки ресурси ќе бидете одговорни за:
- Регрутирање на нови вработени во компанијата;
- Onboarding на нови вработени;
- Спроведување на програми за мотивација и развој на вработени;
- Евиденција и контрола на работното време на вработените;
- Водење на досиеја на вработените во компанијата.
Доколку сте:
- Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
- Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина;
- Комуникативни, одговорни, самоиницијативни и проактивни.
И поседувате:
- Одлични комуникациски вештини;
- Работно искуство на иста или слична позиција најмалку 1 година;
- Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Возачка дозвола Б категорија;
- Висок личен интегритет и деловна култура.
Ние ви нудиме:
- Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим;
- Атрактивна нето месечна заработка;
- Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот.
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација. Рок за доставување пријави e до 21.04.2024 година.
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.