Доколку сакате да станете дел од тимот на една од водечките компании во Македонија со 100 години традиција, богато портофолио на производи и број еден позиција на пазарот Ви нудиме вистински предизвик да станете дел од семејството на Пивара Ад Скопје а воедно и дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken. Пивара Ад Скопје постојано го зголемува и надоградува својот тим и вработува:
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
Задачи:
- Учествува во пакувањето на производот во шишиња, лименки и препакување на производ, согласно план за производство.
- Одговара за целокупната работа во смената и исполнување на производниот план во својата работна зона,а води и евиденција за произведени количини производ.
- Со помош на претходна обука, се грижи за отстранување на евентуални помали неправилности на машината.
- Учевствува во дневни тимски состаноци пред почеток на смената и прави преглед на завршени и тековни активности.
- Го следи, надгледува и контролира процесот на пакување, согласно пропишаните цели, правила и процедури на одделот и компнијата.
Бараме:
- ССП во областа на Прехранбени технологии, Електро-техника Машинство или Авторматика
- Мотивација за работа во динамично и напредно технолошко окружување.
Нудиме:
- Нето плата 28.000
- Можност за вработување на кандидати со и без работно искуство..
- Можност за продолжување на договорот на неопределено време.
- Платена сменаска работа и работа на празник.
- 24/7 осигурување од незгода
- Обезбедеа обука за работа.
- Обезбедува ХТЗ опрема.
- Обезбеден топол оброк и пијалоци во текот на работниот ден.
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници.
- Можност за обуки и развој поддржани од две интернационални компании.
- Фит кит - бесплатна месечна членарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски и други активности за подобрување на вашето здравје.
Доколку се пронаоѓате во бараниот профил и сакате да станете дел од ова семејство на Пивара Ад Скопје, Ве охрабруваме своите биографии да ги испратите на rabota@esi.mk и да ја наведете позицијата за која аплицирате.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
rabota@esi.mk, www.esi.mk