Тримекс Дооел е компанија основана 1990 година со големо искуство и реноме во областа на увоз и дистрибуција на додатоци на исхраната од Now Foods и Nutrex Hawaii – компании лидери во САД и светот.
Нашиот продажен асортиман содржи различни производи: витамини, минерали, билни производи, амино киселини и специјални производи за одредени намени.
Основна цел на Тримекс е да се понудат најквалитетни производи на нашиот пазар произведени според GMP стандарди според највисок “А” рејтинг со кои се потврдува дека се користат највисоки процедури за квалитет во производството и проверени суровини.
Тримекс Дооел Скопје, ексклузивен увозник на производиите на Now Foods и Nutrex Hawaii од САД, вработува Стручен соработнк (со или без искуство) со следните квалификации:
- Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, медицина)
- Познавање на англискиот јазик
- Активно познавање на - MS Office
- Возачка дозвола Б категорија и сопствено возило
- Комуникациски и презентациски вештини
ОДГОВОРНОСТИ
- Организација и реализација на планот за посети на лекари, фармацевти и клучни креатори на мислење со цел промоција и презентација на производи
- Градење на добри релации со клиентите
- Презентација и промоција на нашите производи
- Спроведување на предвидените маркетинг активности и план за продажба
- Следење на трендовите и анализа на пазарот
- Поднесување на извештаи за посетите на клиентите
- Следење и анализа на работата на конкуренцијата
- Воспоставување, одржување и унапредување на комуникацијата со стручната и општа јавност
СПОСОБНОСТИ
- Одлични комуникациски способности
- Одлични презентациски способности
- Ориентираност кон остварување на цели
- Подготвен за патување
- Аналитички способности
- Иницијатива
- Тимски дух и колегијалност
КОМПАНИЈАТА ЌЕ ВИ ОВОЗМОЖИ
- Интересна и динамична работна средина
- Полно работно време од 8 работни часа на ден или 40 часа неделно
- Почетна плата во зависност од искуството, и брзо напредување
Ваша апликација и кратка биографија за учество на конкурсот испратете на e-mail: info@trimeks.com.mk , најдоцна до 30.04.2024.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.