Vrabotuvanje.com - Администратор за оперативно работење - Скопје - СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Администратор за оперативно работење

Скопје

Рок за пријавување:

  • СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ

East Gate Mall (дел од Балфин Груп) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

За потребите на одделението за оперативно работење, објавуваме конкурс за:

АДМИНИСТРАТОР ЗА ОПЕРАТИВНО РАБОТЕЊЕ


Одговорности и работни задачи:
  • Обезбедува административна поддршка на членовите во одделението за оперативно работење со координирање состаноци, кореспонденција и рокови во врска со тековните проекти и задачи;
  • Води и зема забелешки за време на дневни, неделни или месечни состаноци со различни изведувачи или организациони оддели;
  • Помага во подготовка на извештаи, презентации и друга потребна документација;
  • Јa организира, класифицира и чува документацијата од редовното работење на одделот;
  • Се грижи потребната документација да биде лесно достапна на членовите на одделот за брзо и ефикасно одговарање на работните предизвици;
  • Редовно внесува податоци и задачи во тракерите со кои се следи прогресот на задачите и проeктите кои се во тек или пак се во фаза на планирање;
  • Помага во мониторирање и следење на буџетите кои се одобрени за проектите и задачите;
  • Извршува детална проверка на доставени и примени документи поврзани со работењето на одделот;
  • Соработува со секторот за финансии и сметководство, со што се грижи потребната документација од редовното работење да биде уредно предадена;
  • Изработува електронска архива на барање на раководителот на одделот. 
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
  • Висока стручна подготовка или средна стручна спрема од областа на општествените науки;
  • Претходно работно искуство на иста или слична работа позиција;
  • Познавање на Microsoft Office пакет и соодветни системи за управување со документација;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Изразени аналитички способности;
  • Способност за решавање на проблеми

Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:

  • Одговорност и ориентираност кон резултати
  • Развиено чувство за работна етика
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини
Што нудиме:
  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно) 
     
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
 
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 28.04.2024.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде