Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Gulf Oil
Референт за фактурирање
Основни одговорности и задачи:
Изработка на фактури за продажба на нафтени деривати;
Изготвување на одобренија, дисконти, книжни задолженија за клиенти;
Подготовка на финансиски извештаи;
Изработка, контрола и проверка на фактури;
Уредно водење на документацијата во согласност со имплементираните стандарди за квалитет во компанијата;
Следење на материјална и финансиска состојба на клиенти;
Споредување и сортирање на аналитички картици;
Комуникација со клиенти;
Потребни квалификации:
Високо образование – Економски факултет;
Претходно работно искуство на иста или слична позиција (не е предуслов);
Одлично познавање и активно работење со апликациитe од MS Office пакетот и апликации за изготвување на фактури;
Познавање на целокупно материјално и финансово работење;
Активно познавање и следење на новите законски прописи;
Подготвеност за тимска работа и работа под притисок на зададени рокови.
Личен профил:
Одговорна и организирана личност;
Лојалност и професионален пристап кон работата;
Иницијативност, посветеност и амбициозност;
Колегијалност и работа во тим.
Доколку ги исполнувате бараните услови Ве повикуваме да ја испратите Вашата биографија
преку полето Брза Апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!