Vrabotuvanje.com - Биолог / Лабораториски техничар - Охрид - НефроПлус
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Биолог / Лабораториски техничар

Охрид

Рок за пријавување:

  • НефроПлус

  

 
ПЗУ - Центар за дијализа Нефроплус има потреба од 
 
БИОЛОГ (1 извршител) 

подружница Охрид

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА:

  • Завршено високо образование од областа на биологијата, биохемиска-физиолошка насока или биохемиска насока
  • Работно искуство една година во Биохемиска лабораторија
  • Способност за распределување и решавање на повеќе задачи
  • Организациски вештини и способност за посветување внимание на детали
  • Комуникациски и интерперсонални вештини
  • Способност за применување на стандарди на професионализам, соодветен пристап, изглед и однесување
  • Аналитички способности
  • Љубезност, трпеливост, флексибилност
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Ги почитува правилата за пријавување на пациенти со позитивен наод со цел превенција од интрахоспитални инфекции.
  • Ги познава критериумите за постапување при добивање на критични резултати.
  • Ги почитува правилата за превенција од интрахоспитални инфекции.
  • Контрола на употреба и одржување на кутии за транспорт на биолошки материјали
  • Ги почитува правилата за правилна идентификација на пациенти.
  • Ги почитува правилата за правилно селектирање на отпад и медицински отпад.
  • Ги почитува правилата за кодовите за итност.
  • Ги познава интернационалните цели за безбедност на пациенти.
  • Ги почитува правилата за безбедност на пациентите.
  • Ги почитува правилата за безбедноста на примероците добиени од пациентите за анализа.
  • Ги почитува правилата за ефективна комуникација
  • Правилна комуникација со пациенти и нивните семејства
  • Ги почитува правилата за усна нарачка.
  • Ги почитува правилата за безбедност и здравје при работа.
  • Ги почитува правилата за Хигиена на раце.
  • Ги почитува правилата за Правилно користење на ракавици.
  • Ги почитува правилата за Правилно користење на средства за лична заштита.
  • Ги почитува стандардните мерки за претпазливост.
  • Ги познава кодовите за безбедност.
  • Ги почитува правилата за следење на температура и влажност на простории.
  • Ги почитува правилата за употреба, одржување и мониторинг на логери, термометри и хигрометри.
  • Ги почитува правилата за употреба, одржување и мониторинг на фрижидери и ладилници.
  • Пријавува инциденти.
  • Правилно водење на документација.
  • Задолжување и чување на лекови и медицински материјали.
  • Правилно етикетирање на лекови и медицински материјали.
  • Правилна употреба на софтеврски систем.

 

ПЗУ - Центар за дијализа Нефроплус има потреба од 
 
ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР (1 извршител) 

подружница Охрид

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно медицинско училиште, отсек медицински лаборант
  • положен стручен испит
  • Работно искуство една година
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Одлични комуникациски способности
  • Доверливост, љубезност, трпеливост
  • Високо ниво на претпазливост во работата
  • Флексибилност
  • Работно време од 40 часа неделно

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Го подготвува работното место за тековниот ден.
  • Се грижи и ја контролира хигиената во просторот за заеднички прием на материјалите во оддел и алармира доколку забележи некаков проблем.
  • Води грижа за правилна идентификација на примероците од пациентите.
  • Им дава насоки на пациентите како да се подготват за специфични лабораториски испитувања како што се анализи што се прават во одреден временски интервал во денот и тест за толеранција на глукоза.
  • Прима и подготвува нарачки за лабораториски испитувања.
  • Води уредна евиденција и врши прием на биолошките материјали и негова пред-аналитичка обработка според стандардизирана лабораториска процедура.
  • Спроведува правилна дистрибуција на биолошките материјали од приемната просторија до лабораториите каде се изведуваат анализите.
  • Припрема биолошки материјали кои се праќаат во реферални лаборатории.
  • Се грижи за редовно следење на температура и влажност на просториите.
  • Води уредна евиденција на медицинската документација.
  • Води евиденција во компјутерскиот систем.
  • Ги почитува правилата за правилна идентификација на пациенти.
  • Ги почитува правилата за селекција на медицински отпад.
  • Ги почитува правилата за хигиена и дезинфекција на раце и правилна употреба на заштитни ракавици и очила.
  • Ги почитува правилата за превенција од интрахоспитални инфекции.
  • Доколку се случи незгода на работното место (незгода на вработениот при интервенција, незгода на пациент или посетител), ја пријавува по протокол.
  • Учествува на состаноци и едукативни предавања.
  • Има активна улога во развивање на квалитетот на здравствените услуги.
  • Ги известува надлежните лица за тековни проблеми.
  • Се грижи за безбедноста на пациентите.

Кратката биографија со фотографија и Писмото за мотивација, доставете ги преку полето Брза Апликација.

По завршувањето на огласот, само апликантите кои ги исполнуваат условите и ќе поминат предселекција, ќе бидат повикани на интервју.

Дискрецијата на апликантите е загарантирана!

Ве очекуваме!

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде