Vrabotuvanje.com - Референт во малопродажба/продавач - Скопје - ЕГЗЕКЈУТИВ СРЧ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт во малопродажба/продавач

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕГЗЕКЈУТИВ СРЧ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ

Групацијата Gorenje е еден од водечките европски производители на апарати за домаќинство со традиција од повеќе од 70 години. Нивните технолошко усовршени, супериорно дизајнирани и енергетски ефикасни апарати за домаќинство го подигнуваат квалитетот на живеење на корисниците на нивните производи во 90 земји низ светот. Од 2018 година Групацијата Горење е дел од компанијата Hisense.

Gorenje GA ДООЕЛ Скопје, за својот малопродажен салон во Карпош 3 има потреба од

РЕФЕРЕНТ ЗА МАЛОПРОДАЖБА/ПРОДАВАЧ

 

ОДГОВОРНОСТИ И РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Комуникација со клиенти – крајни потрошувачи;
  • Продажба – наплата;
  • Работа со документација според потребите на процесот на работа;
  • Организација на просторот, задолжување на роба и прием на истата во малопродажниот објект;
  • Одржување на хигиена, по потреба;
  • Работникот може да извршува и други задачи соодветни на неговата стручна подготовка и во врска со своето работно место, а по налог и упатство од работодавачот;

БАРАЊА:

  • ССС;
  • Поседување на вештини за продажба;
  • Комуникациски вештини;
  • Позитивен став кон клиентите и желба за тимска работа;
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со компјутер (Word, Excel) ;
  • Познавање на странски јазик и возачка дозвола ќе се сметаат за предност;

ПОНУДА:

  • Основна месечна нето плата плус додатоци предвидени според закон (минат труд, регрес);
  • Можност за остварување на годишен бонус во висина од една нето плата;
  • Работникот ќе работи со полно работно време во 2 смени, и тоа од 09 до 17ч и од 14:00 до 20ч од понеделник до петок;
  • Преку една сабота работа во една смена од 10 до 15ч;

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на линкот најдоцна до 23.05.2024. Во насловот на пораката ставете назнака Референт за малопродажба / Продавач. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

Со аплицирање за оваа работна позиција, вие сте согласни да го задржиме вашето CV и лични информации во нашата база на податоци, дозволувајќи ни да ве контактираме за некоја идна позиција која е во согласност со Вашите квалификации и интереси.

Доколку не сакате Вашето CV да биде зачувано во нашата база на кандидати, наведете го тоа во Вашата електронска порака.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде