ФЕНИКС Фарма ДООЕЛ Скопје е водечка веледрогерија на локалниот пазар и е член на германската групација PHOENIX, која е присутна во 29 земји ширум Европа. Водејќи се од нашата визија да бидеме најдобриот интегриран давател на здравствени услуги, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.
Доколку сте прилагодливи, амбициозни, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:
Обврски и одговорности:
- Планирање, организирање и реализирање на маркетинг активности
- Изработка, следење и реализација на маркетинг планови и зададени цели согласно компаниската стратегија
- Развивање и унапредување на позицијата на пазарот на приватната трговска марка Livsane
Потребни квалификации, вештини и способности:
- ССС/ВСС
- Искуство во маркетинг, комерцијално работење или веледрогериско работење ќе се смета за предност
- Возачка дозвола Б категорија
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на MS Office
- Силни преговарачки и комуникациски вештини
- Самодоверба, одлучност и упорност
Ви нудиме:
- Работа во интернационална компанија
- Стекнување на нови искуства и градење на нови бизнис контакти
- Работа во сигурна и безбедна средина
- Работно време од понеделник до петок, 07:30-15:30 часот
Работниот однос за позицијата првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава преку полето Брза Апликација.
Рокот за пријавување е 14 дена од датумот на објавување на огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот.
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: personal@phoenixpharma.com.mk