Објавуваме оглас за позиција:
АСИСТЕНТ НА МЕНАЏЕР НА ФИЛИЈАЛА ВО СКОПЈЕ
Ако сте енергична, позитивна, одговорна личност со желба за развој. Ако сте динамична личност, која се стреми кон најдобри резултати и суштински мотивиран да успее, тогаш ВИЕ сте вистинскиот кандидат за нас.
Кои сме ние:
ПРОФИ КРЕДИТ Македонија е дел од меѓународната финансиска групација Profireal Group која почнува со работа во 1994 година и својот бизнис го шири со канцеларии во Чешка, Полска, Словачка, Бугарија, Русија и Филипини.
Во Р.С. Македонија, компанијата почнува со работа од Февруари 2023 година и се стреми да биде една од водечките финансиски компании во Р.С. Македонија.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, ја чекаме Вашата биографија. Податоците испратени од вас ќе се разгледуваат и чуваат под строга доверливост во согласност со барањата на Законот за заштита на лични податоци. Успешните кандидати ќе бидат поканети на интервју.
Од што се состои работата:
- Како асистент на менаџер за бизнисот, ќе бидете во контакт со нашите клиенти, внимавајќи на квалитетот на портфолиото на клиентите со кои имате кредитен однос
- Ќе ангажирате и обучувате кредитни консултанти и ќе го развивате Вашиот тим за продажба, со кој ќе ги нудите финансиските услуги на компанијата. Добро организираниот тим ќе Ви носи голем успех за Вас
- Ќе имате можност да се развивате не само како бизнис лидер, туку и како лидер на тимот.
- Ќе работите во високо конкурентна индустрија каде што можете да ги споделите вашите креативни маркетинг идеи.
- Ќе работите во исклучително динамично опкружување, погодно за амбициозни и упорни луѓе со натпреварувачки дух.
- Предност ќе биде Вашето искуство доколку сте работеле на исто или слично работно место;
Што ви нудиме:
- Работа со договор за вработување;
- Бонуси, врз основа на постигнатиот резултат;
- Дополнителни бенефиции...
- Можност за професионален развој;
- Внатрешна обука базирана на најдобрите европски практики.
Што се очекува од Вас:
- Да имате најмалку завршено средно образование;
- Да бидете комуникативна и одговорна личност, со желба за развој;
- Да имате вештини за продажба и убедување;
- Да имате основна компјутерска писменост (MS Office);
- Да бидете организирани и позитивни;
- Да сакате да работите во динамична средина.
Ве очекуваме...