Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.
За наш Kлиент, имаме потреба од:
Финансов Сметководител
Oдговорности
- Пресметка и исплата на плати и надоместоци за сите вработени и ангажирани лица по друг основ;
- Пресметка на плати, додатоци и задршки (сменско работење, работа за време на празник, ноќна смена, задршки по основ на неплатено отсуство, кредити);
- Комуникација и координирање со авторската агенција и исплата на фактури за авторски договори;
- Пресметка и исплата на ангажирани лица по основ договор на дело;
- Изготвување на годишни даночни извештаи;
- Учество во имплементација на Pantheon софтвер;
- Плаќање на фактури од домашни и странски добавувачи и нивно распределување во соодветни буџети;
- Книжење на готовински фактури;
- Книжење и контрола на целокупна сметководствена документација;
- Kоординирање на прегледите на главната книга, книгата на должниците, книгата на доверителите, основните средства за да обезбеди точност и усогласеност со воспоставените сметководствени принципи и процедури;
- Изготвување и достава на ДДВ пријави;
- Пресметка на аконтации за данок на добивка;
- Евиденција на школарини и останати приходи;
- Подготовка и поднесување на завршна сметка и финансиски извештаи;
- Проверка на евиденцијата на основните средства и изготвува сметководствени извештаи кои ги опишуваат распоредите за амортизација;
- Одговорен за ревизијата на крајот на годината како што се бара со политиката на компанијата и владините регулативи;
- Прегледување на анализата и давање препораки за промени во сметководствените системи и процедури за постојано подобрување на ефикасноста и продуктивноста;
- Го следи одржувањето на главните книги и финансиските извештаи и е одговорен за месечниот пакет за известување кој му обезбедува на раководството точни финансиски информации за употреба во процесот на донесување одлуки;
- Ги разгледува извештаите за должниците, доверителите и главните досиеја на главната книга;
- Го прегледува и/или надгледува банкарското усогласување за сите банкарски сметки и обезбедува правилно трошење и точност;
- Подготвува датабази за известување за управување со готовина;
- Евидентирање на патни налози и нивни трошоци од службени патувања;
- Електронско плаќање (домашни и странски фактури);
- Дополнителни финасиски анализи
- Изработка на анализа за конкуренцијата во Македонија според официјалните завршни сметки за последните 5 години
- Биланс на успех
- Биланс на состојба
- Готовински текови
- Познавање и примена на важечка законска регулатива од оваа област
Квалификации
- Образование: ССС/ВСС - Економски факултет;
- Работно искуство: мин. 5 години работно искуство во областа сметководство и финансии;
- Овластување од оваа област би се сметало за предност;
- Познавање на MS Office пакетот и работење во Еxcel;
- Одлично познавање на англиски јазик.
Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте Сашка Малиновиќ на +389 70 370 649 (Понеделник-Петок) или пратете мејл на rabota@theHeadhunter.com
Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате.