Vrabotuvanje.com - Специјалист за продажба (м/ж) - Скопје - ВИТА НОВА-ЗА ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за продажба (м/ж)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИТА НОВА-ЗА ДОО

Ние во ВИТА НОВА-ЗА веќе 18-та година сериозно ги следиме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат. Согласно промените носиме нови квалитети за нашите клиенти. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

ВИТА НОВА – ЗА објавува ОГЛАС за следнaтa работнa позициja:

Специјалист за продажба (м/ж)
Сектор: Продажба
Реон: Македонија/Косово

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Извршува продажба, дистрибуција и наплата,
  • Координира испораки до клиенти
  • Планира продажба на месечно, квартално и годишно ниво,
  • Прави постојана анализа на продажба и пазарна структура,
  • Предлага акции, проекти и други активности со цел достигнување на планирана продажба,
  • Подготовка на месечен/неделен рутинг план и повратно информира за реализација,
  • Блиска комуникација со клиенти,
  • Изготвува извештаи за продажба и анализа на пазар,
  • Разгледува и информира за неделни планови; неделни пресеци на должници; подготвува
  • други работи по опис на работно место.

РАБОТНИ УСЛОВИ:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
  • Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок.
  • Плата од 50,000 мкд до 70,000 мкд во зависност од остварувања и исполнување на таргети.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Професионално однесување,
  • Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа на компјутер (MS Office пакет),
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија, активен возач
  • Познавање на назначениот регион,
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Потребно искуство: Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција

​Број на оглас: 01/24

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: info@vitanova.com.mk со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

НАПОМЕНА

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВИТА НОВА-ЗА ДОО Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

Го задржуваме правото да побараме референци од ваши предходни работодавачи

Ве молиме без телефонски јавувања

ВИТА НОВА-ЗА ДОО е секогаш отворена за соработка !!!

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде