Vrabotuvanje.com - Монтажер на слабострујни и јакострујни инсталации - Скопје - ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Монтажер на слабострујни и јакострујни инсталации

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФИБЕРНЕТ М-К ДОО увоз-извоз Скопје

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

МОНТАЖЕР НА СЛАБОСТРУЈНИ И ЈАКОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ (со и без работно искуство)

Работни задачи:

  • Инсталација на слабострујни кабли во деловни, индустриски и станбени објекти
  • Изведба, монтажа и пуштање на работа на системи за видео надзор и аларми, противпожарна заштита, контрола на пристап
  • Изведба на јакострујни електро инсталации (напојување, осветлување, изводи, приклучници и слично) и нивно одржување а

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Познавање на англиски јазик
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
  • Комуникациски вештини
  • Способност за самостојна и тимска работа

Работно време и место каде се извршува работата:

  • Понеделник-Петок 8:00-16:00 часот
  • Сабота и недела се неработни денови
  • Работниот ангажман вклучува работа во просториите на ФИБЕРНЕТ, како и теренска работа на територијата на Македонија
 
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV преку полето Брза Апликација.

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде