Во Puratos, создаваме иновативни решенија за храна за здравјето и благосостојбата на луѓето насекаде. Како глобален лидер во пекарските, слаткарски и чоколадни суровини, ние им помагаме на нашите клиенти да бидат успешни во нивниот бизнис, претворајќи ги технологиите и искуствата од културите на храна ширум светот во нови можности.
Ние сме повеќе од 10.000 вработени во над 70 земји и консолидиран обрт од 2,8 милијарди евра (во 2022 година). Нашата страст за иновации, пионерскиот дух и уникатната култура на Пуратос го поттикнуваат нашиот солиден раст и визија за иднината Ова, заедно со нашата посветеност кон нашата локална заедници, е она што ја прави работата во Пуратос толку магична.
За да го засилиме нашиот тим во Македонија бараме :
Продажен Агент / Комерцијалист
(повеќе региони)
Специфични задачи и одговорности на работната позиција:
- Ја креира и имплементира долгорочната стратегија за развој на бизнисот во доделениот регион, и одговара за деловни резултати во регионот.
- Поддршка за развој на продажба и создавање силни долгорочни партнерства со клиентите во согласност со деловната стратегија на Puratos Global.
- Одговорност за реализација на планот за продажба продажба во обем, промет и бруто маржа
- Врши проценка на новите можности за развој на бизнисот во регионот, учествува во креирање и реализација на продажните планови
- Соработува со останатите деловни единици за да се обезбеди усогласување со клучните приоритети за категориите производи
Потребни компетенции и квалификации:
- Задолжителна е диплома за високо образование, и постоечка база на потенцијални купувачи производствени капацитети пекари и слаткари.
- Потребно е минимум 5 години прогресивно искуство во продажба или маркетинг.
- Запознаени со производствените процеси во прехранбената индустрија.
- Интерес за храна и докажана посветеност на општествената одговорност.
- Високо ниво на аналитичка способност за поттикнување на ефикасноста на продажбата.
- Одлични интерперсонални вештини и тимски играч.
Сите заинтересирани кандидати своте професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.
Апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани, по што изборот ќе се прави по јасни критериуми, по пат на интервјуирање на кандидатите.
Адреса: ул. Благоја Стефковски бр.30, 1000 Скопје
Веб страна: www.puratos.com
Facebook профил: https://www.facebook.com/puratosmacedonia