Vrabotuvanje.com - Правник - Скопје - ASEE
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • ASEE

АСЕЕ е еден од најголемите оператори во Југоисточна Европа според приходите од продажба на својот софтвер и услуги. Ние настанавме како резултат од интеграцијата на искуството, знаењето и решенијата на водечките ИТ компании во сегментите во кои работат во регионот. Од самиот почеток, подружниците на нашата компанија се фокусирани на развој на сопствени решенија во нивните пазарни сегменти. Нашата мисија е да изградиме доверлива и профитабилна глобална ИТ компанија, која на нашите клиенти им обезбедува висококвалитетен софтвер и услуги.

ПРАВНИК

 
Зошто е возбудлива работната позиција за Правен Советник? 
 
Како Правен Советник, ова ќе бидат вашите задолженија:
  • Вршење советодавни услуги за разни правни прашања, со цел да се осигура дека корпоративните активности се во согласност со стандардите на групацијата и законските регулативи;
  • Подготвување на барања, жалби, приговори и други правни акти пред институциите и органите.
  • Претставување на интересите на компанијата пред институции и органи во Република Северна Македонија.
  • Формулирање, изготвување, советување, прегледување и архивирање на сите видови правна документација, вклучувајќи и корпоративни документи, политики на групацијата, одлуки, договори, изјави, апликации, и усогласување на истите со правните одредби на групацијата и законските регулативи.
  • Советување во секторот за човечки ресурси во областа на трудовото право.
  • Одговарање на правни прашања од вработените во организацијата.
  • Учество во преговори со клиенти.
 
Нешто повеќе за вас:
 
Идеалниот Legal Advisor за нас, поседува:
  • Повеќе од 5 години работно искуство како правник.
  • Завршен правен факултет.
  • Познавање на англиски јазик вклучувајќи и стручен правен англиски (изработка на договори и документација, преговори, комуникација во групацијата);
  • Практично познавање на деловно, трговско и облигационо право, право на интелектуална сопственост, трудово право, закон за јавни набавки, закон за заштита на лични податоци, граѓанско право,
  • Работно искуство за изработка, преглед и преговарање на договори.
  • Работно искуство со проекти/преговори поврзани со ИТ секторот, ќе се смета за предност.
  • Способност за решавање на сложени проблеми и самостојна работа.
  • Одлични писмени и усмени комуникациски вештини.
  • Способност да преведе сложени закони во разбирливи активности.
 
Што ние нудиме:
  • Вработување во стабилна компанија
  • Приватно здравствено осигурување
  • Знаеме дека е важно да го збогатите вашето знаење и да бидете во тек со новите трендови во оваа област, и за таа цел нудиме различни обуки (внатрешни и надворешни) кои можете да ги посетите 
 
Доколку сте вистинскиот кандидат, пријавете се директно на линкот „АПЛИЦИРАЈ“.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде