Vrabotuvanje.com - Финансиски аналитичар за изработка на извештаи - Скопје - БИОТЕК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Финансиски аналитичар за изработка на извештаи

Скопје

Рок за пријавување:

  • БИОТЕК ДОО

 

Биотек ДОО Скопје е реномирана компанија основана во 1999 година која оттогаш континуирано расте и се развива и денес е докажан регионален лидер во продажба на високо квалитетна лабораториска опрема и потрошен материјал, пост-продажна поддршка и сервис, како и апликативна и техничка поддршка.

Биотек ДОО Скопје објавува оглас за работната позиција

ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР ЗА ИЗРАБОТКА НА ИЗВЕШТАИ

Опис на работната позиција

Биотек ДОО има потреба од ангажирање на лице кое ќе биде одговорно за изготвување месечни, квартални и годишни консолидирани извештаи во врска со реалните и планираните резултати од управувањето на компанијата.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (ќе се смета за предност сметководство, финансии и ревизија),
  • Работно искуство во областа од најмалку 3 години,
  • Поседување на лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност.

Главни должности и одговорности

  • Помага при водење на политиките на компанијата, одржување на најдобрата практика и усогласеност со законските и финансиските рамки за известување.
  • Развивање / идентификација на алатките и процесите потребни за да се осигураме дека ги имаме точните податоци за да ни овозможат да бидеме: поодговорни, точни и навремени во нашето известување и нашата способност да реагираме

Финансиски извештаи

  • Изработка на месечни и квартални извештаи
  • Групна комерцијална анализа на месечни податоци за повеќе компании во групацијата
  • Консолидирана анализа на главните KPI
  • Анализа на P&L кодови
  • Анализа на врвни клиенти
  • Анализа на приходи
  • Подготовка на презентации пред одборот на содружници
  • Консолидирана анализа на трговските должници и трговските доверители
  • Привремени должности/проекти како што бара компанијата

Потребни способности и вештини

  • Напредно искуство во Excel
  • Претприемачки дух и способност за навремено завршување на зададените задачи, точност прецизност и организирана личност.
  • Способност за работа под притисок и почитување на кратки рокови за постапување.
  • Способност на запазување на детали

Компанијата нуди:

  • Можности за професионален и личен раст и развој,
  • Модерни канцеларии во центарот на градот,
  • Енергична и професионална работна средина,
  • Подароци за родендени и празници,
  • Конкурентни плати,
  • Јога сесии во работните простории.
 

Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација преку полето Брза Апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде