Vrabotuvanje.com - Овластен сметководител - Скопје - JUS MB DOOEL
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Овластен сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • JUS MB DOOEL

Компанијата Јус МБ датира од 1992 година. Нејзините почетоци се како мала семејна фирма која од скромни почетоци практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, имплементација на современи стандарди и професионализација на своето работење допринесе за голем развој во современа компанија со сопствен дистрибутивен центар од најсовремен ранг. 

 Јус Мб денес е компанија која располага со дистрибутивен центар кој се простира на земјиште од вкупно 30.000 m2. Дистрибутивниот центар се состои од деловен простор од 860 m2 и складишен простор од 6.000 m2 со современа логистичка мрежа и паркинг простор.


Успехот и развојот на компанијата се должат на одговорно, посветено и професионално работење, континуирано вложување во сите аспекти на работењето и секако на долгогодишната соработка со своите принципали кои се дополнителен придонес за заеднички раст во продажбата и дистрибуција.

Моментално имаме потреба од

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

Потребни квалификации:

  • Познавање  на материјално и финансово работење,
  • Изработка на плати и ддв пријави
  • Изработка на завршни сметки и годишни финансиски извештаи.
  • Задолжително работно искуство.

Работни обврски:

  • Евиденција и обработка на влезна и излезна сметководствена документација;
  • Подготвување и реализирање на ДДВ пријави;
  • Пресметка на плати;
  • Координација со надворешни финансиски институции;
  • Изработка на финансиски извештаи за соодветни регулаторни тела;
  • Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења;
  • Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција;
  • Изработка на финансиски извештаи;
  • Составување и изготвување на завршни пресметки;
  • Следење и имплементирање на измени согласно законската регулатива;
  • Други задачи во согласност со позицијата и по барање на работодавачот;
  • Врши електронски плаќања од банкарските сметки на Друштвото, одговорен е за касата во централната канцеларија;
  • Ги контролира движењата на банкарските сметки на Друштвото и готовинските операции што ги вршат подрачните одделенија;
  • Одговорен за односите на Друштвото со добавувачите,  банки и државните институции.

Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.

www.jusmb.com   

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде