Имаме потреба од работници во производство - МАЖИ кои би работеле во една од најпознатите компании за леење и производство на алуминиумски делови за авто индустријата.
Кандидатите треба да имаат одредено искуство во работата, при што пред почнувањето со работа ќе добијат обука и насоки за ракување и управување со машините и алатите како и презентација на производствениот процес.
Станува збор за Словенечка компанија која има претставништва во три држави и тоа во Словенија, Хрватска и Македонија. Тие изработуваат алуминиумски делови наменети за автомобилската индустрија со широка потрошувачка уште од 1948 година.
Работата се одвива во производен центар каде се работи на подготовка на суровини (течен алуминиум) и послужување на автоматизирани или полу-автоматизирани машини за леење на алуминиум.
Работата има специфични услови поради топлината на материјалот и самата атмосфера, но не е физички ни психички тешка и за почеток добивате 10 дена ментор со кој ќе работите и ќе ве воведе во тоа како оди целата процедура и како работат машините.
Опис на работното место:
- Вршење надзор на работата на машините,
- Обслужување на производствени машини и печки за топење и леење;
- Подготовка на материјали за топење и послужување на печката за топење;
- Надзор и спроведување на активности при лиењето, преработка на производи;
- Спроведување на процесот на ладење и загревање;
- Управување со возила за транспорт на суровини и готов производ – управување со специјализирано возило GLAMA;
Услови кои треба да ги исполнувате за апликација:
- Да имате работно искуство на ваква или слична позиција,
- Работо - способност и стекнати работни навики,
- Познавање на други јазици Англиски, Словенечки или Србско-Хрватски,
- Мотивираност, пријатен однос и комуникација,
- Согласност и спремност за работа во смени.
- Да поседувате важечки патни исправи.
Работодавецот ви нуди:
- Стабилна и сигурна работа;
- Опрема за работа во специфични услови.
- Пензиско и здравствено осигурување;
- Период обука за работа (кој е платен);
- Надоместок за транспорт во висина од 0,21€ за километар.
- Надоместок за хранарина - 7,96€;
- Сигурни 40 часа неделно работа во четири смени;
- Работно време од 8 часа со паузи со можност за прекувремени работни часа;
- Договор за работа на подолг временски период, во зависност од договорот меѓу двете страни;
- Обука и презентација на работата и работните обврски;
- Почеток со работа во најскоро време;
- Бесплатно апликација и посредување за работа.
- Почетна заработка во износ од околу 1400€.
- Надоместок од + 16% услови на работата + 25% и 0,5% минат труд.
- Годишен регрес (минатата година е исплатено 2 000 €), божиќница (оваа година е исплатено 2 250 €) и добивка за успешна година во висина од околу 800 €.
- Обезбедено сместување (по 2 во соба) за првата година со ваш надоместок од 200-250€ (за оние кои немаат обезбедено сместување).
Сите заинтересирани нека испратат CV/кратка биографија на Англиски, Србо хрватски(латинично писмо) или Словенечки јазик со назнака за -Производство на алуминиумски делови- на следната е-адреса: goran.mehandziski@salax.si
По апликацијата ќе ве контактираме за разговор.
Ве очекуваме!!!
Следете не на:
WEB: Salax d.o.o. | Strokovne kadrovske rešitve in kadrovska agencija
FB profile: https://www.facebook.com/profile.php?id=100075055490601
Instagram: HR agent Goran - Salax (@hr.agent.goran.salax)
FB page: https://www.facebook.com/profile.php?id=100090011628068
Linkedin: https://www.linkedin.com/in/goran-mehandjiski-5b05132b6/