Vrabotuvanje.com - Правник - Скопје - Граве Осигурување Неживот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • Граве Осигурување Неживот

ГРАВЕ Осигурување Неживот АД Скопје е дел од големото семејство Grazer Wechselseitige Versicherung AG со седиште во Грац и историја долга 195 години. Традицијата, стабилноста и довербата, со поглед во далечна иднина се основите на кои се гради успешното работење на ГРАВЕ во Македонија.

Искористи ја можноста да се приклучиш на Граве Тимот!

ГРАВЕ Осигурување Неживот АД Скопје објавува оглас за вработување на:

ПРАВНИК

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование - Правен факултет
  • Претходно работно искуство од минимум 3 години, предност во осигурителна компанија

Главни работни обврски:

  • Одговорен за целата судска постапка, запазување на роковите и присуство на рочишта;
  • Организација на работата за навремено и економично спроведување на вештачења, уплата на судски такси итн.;
  • Изготвување тужби, одговори на тужби, поднесоци, барања, известувања и други дописи за потребите на судската постапка;
  • Поднесува приговори, жалби и други вонредни правни лекови;
  • Прибира докази, известувања и други потребни податоци за комплетирање на предметите;
  • Дава свое мислење поединечно за секој заведен судски спор со предлог за негово решавање и изготвува налози за исплата на правосилно завршен судски спор;
  • Изготвува извештаи за состојбата на судските спорови за надомест на штета и регресни побарувања;
  • Дава правна помош и мислење на Сектор штети во врска со обработката на барањата за надомест на штета и донесување на одлуки по приговори поднесени по барања за надомест на штета;
  • Прави проценка на висина на штета и трошоци за реализација на штета;
  • Следење и примена на позитивните законски прописи од областа.

Потребни вештини:

  • Висока работна етика , самоиницијативност, одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Работа на компјутер
  • Познавање на англиски јазик

Работни услови:

  • Конкурентна плата и бенефиции согласно политиката на ГРАВЕ
  • Moжност за личен и професионален развој, константна едукација и тренинг
  • Одлична работна атмосфера, тимска соработка и континуирани можности за напредок
  • Работно време од понеделник до четврток од 07:30ч до 16:00ч, петок од 07:30ч до 13:30ч.
 


Ве молиме испратете професионална биографија со назнака за работната позиција за која аплицирате преку полето Брза Апликација.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Со испраќањето на Вашата биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Граве Осигурување Неживот АД и истите да бидат зачувани во дата базата на друштвото.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде