Vrabotuvanje.com - Хигиеничар - Скопје - Hi-Tech Corporation
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • Hi-Tech Corporation

Hi-Tech Corp. (www.hitech.com.mk) е водечки европски производител на електронски штампани плочи. Преку посветенување на нашите над 200 вработени, се посветуваме на технолошката експертиза и квалитетот на нашите производи кои ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти. А нашите клиенти се едни од најголемите светски брендови. Нашите електронски штампани плочи се применуваат во: CERN акцелератор, Williams Racing и Audi F1 тимовите, Ferrari SF90 и 488, Mercedes AMG, Медицинска индустрија (респиратори, магнетна резонанца, CT), комерцијални сателити, ARRI камери и опрема за видео пренос на Олимписките игри во Париз 2024), авионите Airbus и Boeing, апаратите на Bosch и Siemens... Во моментов отворено е следното работно место: 
 

хигиеничар

 

Опис на работно место:

  • Дневно одржување, чистење и дезинфекција на просторот во управна зграда на компанијата
  • Подготовка на простории за одржување на работни активности

Работни услови: Работа во една смена, од понеделник до петок од 06:00 до 14:00, и секоја втора сабота

Што бараме:

  • Завршено средно образование;
  • Посветеност, уредност и темелност во извршување на работните обврски
  • Вештини за ефикасна организација
  • Претходно работно искуство како хигиеничарка ќе се смета за предност.

Што нудиме:

  • Организиран превоз од Скопје и околните градови (фабриката се наоѓа во с. Орешани - Зелениково)
  • Обезбедена храна
  • Приватно здравствено осигурување за лојални вработени
  • Почетна нето плата од 24.000 денари.
     

Доколку сакате да станете дел од тимот кој работи за најголемите брендови низ целиот свет, доставете кратка биографија на емаил hr@hitech.com.mk најдоцна до 30.06.2024 година. Hi-Tech Corp. обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Hi-Tech Corp. и тоа само за процесот за селекција на кандидатите. Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на hr@hitech.com.mk.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде