Vrabotuvanje.com - Технолог - Скопје - ВИТАЛИА Никола и др. доо
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИТАЛИА Никола и др. доо

ВИТАЛИА Никола ДОО, лидер во производство на здрава храна во регионот го проширува тимот.

Зошто Виталиа?

Затоа што веруваме во нашата мисија, со создавање на здрава храна да креираме здрави идни генерации. Затоа што сме тим на професионалци кои го живеат истиот сон: македонски производ препознат во 55 земји ширум светот. Сите области на Компанијата, од Производство до Продажба, имаат заедничка цел: да креираме комплетно задоволство на клиентите, да ги инспирираме потрошувачите кон здрави прехранбени навики и да градиме култура на здраво живеење.

За поддршка на нашиот сектор за Истражување и Развој бараме

Технолог
 

Цел и одговорност на работното место:

  • Соработка со тимот за Истражување и развој за развивање на нов производ
  • Истражување за состојките, формулациите и процесите за подобрување на квалитетот на производот.
  • Асистирање во извршување на лабораториски проби. - Асистирање и самостојно водење на процесот на истражување и развој на нов производ
  • Развивање на подобрени рецептури на производи

Како ќе Ве препознаеме:

  • Имате високо образование (ВСС) по прехранбена или био технологија/дипломиран технолог, дипломиран инженер технолог или био технолог
  • Работно искуство во областа на технолошки постапки, лабораторија или развој на нови производи ќе се смета за предност во процесот на селекција - Способни сте за работа во тим
  • Поседувате самоиницијативност и подготвеност за учење
  • Солидно го владеете англискиот јазик

Виталиа го почитува трудот на вработените и истиот го вреднува преку пакет бенефиции и бонуси на квартално и годишно ниво.

Обезбедуваме континуирана обука за надградување на работните вештини, пријатна работна средина и топол оброк.

Доколку сакате да бидете член на нашиот успешен тим и сте подготвени да го прифатите предизвикот, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) преку Брзата Апликација.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде