Vrabotuvanje.com - Senior JAVA Developer - Скопје - БИЛИВИО ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • БИЛИВИО ДОО Скопје

BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот.

Поради стартување на нов проект имаме потреба од креирање на нов програмерскиот тим кој покрај потребните JAVA програмери ќе сочинува и Frontend, QA тестери и бизнис аналитичари.

За таа цел објавуваме конкурс за вработување на JAVA програмери кои ќе имаат можност да работат на нов проект базирани на современи технологии.

SENIOR JAVA DEVELOPER
 

Кои ќе бидат вашите обврски?

  • Развој и препорака на технички стратегии и софтверска архитектура;
  • Развој на софтверски алатки и решенија користејќи едноставен и чист код;
  • Развој на скалабилни решенија кои би ги задоволиле бизнис потребите во блиска или подалечна иднина;
  • Раководење со технички тим со цел да испорачаат флексибилни и скалабилни решенија;
  • Раководење и менторство на други членови од тимот;

Програмерите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе учествуваат во:

  • Анализа на барањата и дизајн на решението според потребите на клиентот;
  • Развој на софтвер и креирање на техничка документација;
  • Тимски состаноци и директна комуникација со клиенти.

Потребни квалификации:

  • Одлично познавање на Java SE, Java EE и Spring Framework;
  • Добро разбирање на OOP принципи, Data Structures, Algorithms, and Design Patterns;
  • Искуство во Agile методот на развој на софтвер;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Познавање на Англиски јазик;
 

Кандидатите кои ќе станат дел он нашиот растечки тим ќе имаат можност за работа во нашите канцеларии кои располагаат со сите модерни реквизити на една сериозна ИТ компанија а воедно возможен е и хибриден режим на работа.

Вашето кратко резиме (CV), испратете го на email адреса: jobs@beelivio.com

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде