Vrabotuvanje.com - Книговодител - Скопје - Mozzart
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Mozzart

Како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, повеќе од две децении одговорно ја градиме нашата репутација. Нашите почетоци се во 2001 година, со седиште во Белград, за подоцна да ја прошириме работата на уште 10 пазари. Со повеќе од 1.200 работни места и над 5.500 вработени, ние сме апсолутен регионален лидер во оваа индустрија. Посветени сме на развивање и негување на стручноста на нашите вработени, а истовремено се грижиме за напредокот во кариерата. Постојано го подобруваме нашето работење и услуги, следејќи го напредокот во технологијата и поттикнувајќи ги иновациите. Со општествено одговорна работа и грижа за вработените, внимателно изградивме репутација на најпосакуван работодавач.

За работа на територијата на Град Скопје, потребен ни е 1 извршител на работна позиција 

КНИГОВОДИТЕЛ

Основни должности:

  • Го организира водењето на деловните книги;
  • Ги организира и контролира книговодствените активности (навремено евидентирање на документацијата во книговодството) и ги составува и изготвува финансиските извештаи на Друштвото (квартални и годишни);
  • Врши книжења на целокупната книговодствена документација
  • Учествува во работењето на ревизорите (комерцијални и државни) при спроведување на ревизија на годишните извештаи на Друштвото;
  • Се грижи за примена на законските прописи во областа на книговодствените политики на Друштвото;
  • Учествува во изготвување на нормативните акти во доменот на материјално-финансиското работење;
  • Извршува и други работи поврзани со финансиското работење во согласност со Законот и општите акти на друштвото
  • Го составува даночниот биланс и даночните пресметки и одговара за правилна примена на прописите во врска со даноците;
  • Подготвува, ја прима, ликвидира и контролира книговодствената документација;
  • Учествува во составување и изготвува финансиски извештаи на Друштвото (квартални и годишни);
  • Ја организира работата на благајничкото работење во сите благајни (за материјални трошоци; за бонови за гориво; за исплата на добивки од игри на среќа и девизна благајна).
  • Врши контрола на законитоста, точноста и на исправноста на благајничкото работење;
  • Врши пресметки на плати, даноци и придонеси од плати и ја спроведува исплатата преку депонентна банка;
  • Врши пресметки за други лични примања на вработените, членовите на органите на управување и комисиите вклучени во приредувањето на игрите на среќа;
  • Води лични картони за платите и надоместоците на вработените;
  • Води соодветна евиденција за исплатените други лични примања на членовите на органите на управување и комисиите вклучени во приредувањето на игрите на среќа;
  • Изготвува соодветни потврди за исплатените плати и други лични примања и истите ги доствавува на именуваните;
  • Изготвува годишен извештај за уплатениот персоналниот данок од доход и го доставува до надлежна институција;
  • Одговара за исправноста на благајничното работење и ги применува прописите на благајничкиот максимум;
  • Се грижи за обезбедување на готови пари, бонови за гориво и по потреба на девизни средства за службени патувања;
  • Извршува и други работи по налог на Управителот и Директорот на сектор Финансии;

Услови:

  • Формално образование: минимум средно образование Средно училиште IV степен на стручна подготовка, економска насока, пожелно образование Економски факултет – завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС
  • Потребно искуство: Потребно е претходно искуство (3 години).
  • Дополнителни знаења: одлично познавање на работењето на компјутер,
  • Сертификати/лиценца: Лиценца за овластен сметководител
  • Вештини: комуникативност (усна и пишана), организациони вештини (способност за ефикасно управување со времето), точност и прецизност, одговорност, насоченост кон деталите, тимска работа и соработка
  • Стручни знаења: познавање на релевантни закони, следење на прописите и на промените на прописите

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV да го испратите преку Брзата Апликација. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате. Краен рок за поднесување на пријавите е 30.06.2024 година.

Ви благодариме на сите кои аплициравте на огласот. Воедно, би сакале да Ве известиме дека ќе бидат контактирани само оние кандидати со кои ќе го започнеме процесот на селекција. Во случај да не бидете контактирани, Ви препорачуваме да продолжите да ги следите нашите огласи и да бидете во тек со отворените позиции.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде