Rikomak Copier Service e официјален дистрибутер и сертифициран сервис на Ricoh International. Ги бележи своите скромни почетоци од 1991 година, како увозник и сервисен центар на Ricoh фотокопири во Република Македонија. Со зголемената побарувачка на решенија за печатење и копирање, во комбинација со професионализам и стручност на сервисниот центар, компанијата доживеа раст, a притоа континуирано го одржа нивото на квалитет.
Ја задржавме нашата позиција на пазарот со нагласување на важноста на квалитетот за нашиот бизнис, на исто ниво како и нашите ценети клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги задоволуваат и дури ги надминуваат нивните очекувања.
Посветени сме на континуирано усовршување и имаме воспоставено систем за управување со квалитет кој обезбедува рамка за мерење и подобрување на нашите перформанси.
СЕРВИСЕР и ПОМОШНИК СЕРВИСЕР НА ФОТОКОПИРИ
четири ИЗВРШИТЕЛи
Потребни вештини и способности:
- Организациски способности
- Професионален однос кон работа и клиенти
- Тимска и самостојна работа
- Верност, љубезност и комуникативност
- Лојалност, флексибилност и енергичност
- Позитивен став
Почетни задачи:
- Континуиран тренинг за сервисирање на фотокопири
- Испораки, инсталирање, одржување, поправки, ревизии и редовни прегледи на фотокопири
- Испитување и целосна проверка на апаратите при теренска работа на повик
Потребни квалификации:
- Образование - ССС
- Работно искуство за сервисирање на фотокопири и принтери ќе се смета за предност
- Познавање на механика
- Солидно познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б-категорија - активно возење
- Место на живеење - Скопје
Ние нудиме:
- Редовна плата + бонуси од сработеното
- Службен телефон
- Обезбедена обука
- Работно време од понеделник до петок 08:00 - 16:30ч
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил,
пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
Повеќе информации на: www.rikomak.mk