Rikomak Copier Service e официјален дистрибутер и сертифициран сервис на Ricoh International. Ги бележи своите скромни почетоци од 1991 година, како увозник и сервисен центар на Ricoh фотокопири во Република Македонија. Со зголемената побарувачка на решенија за печатење и копирање, во комбинација со професионализам и стручност на сервисниот центар, компанијата доживеа раст, a притоа континуирано го одржа нивото на квалитет.
Ја задржавме нашата позиција на пазарот со нагласување на важноста на квалитетот за нашиот бизнис, на исто ниво како и нашите ценети клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги задоволуваат и дури ги надминуваат нивните очекувања.
Посветени сме на континуирано усовршување и имаме воспоставено систем за управување со квалитет кој обезбедува рамка за мерење и подобрување на нашите перформанси.
ДИСТРИБУТЕР НА ТОНЕРИ и принтери
Потребни вештини и способности:
- Организациски способности
- Професионален однос кон работа и клиенти
- Тимска и самостојна работа
- Верност, љубезност и комуникативност
- Лојалност, флексибилност и енергичност
Одговорности и задачи:
- Навремена дистрибуција на производите
- Комплетна грижа за возилото кое му е дадено на користење
- Водење уреден патен налог и грижа за документацијата за возилото и робата која се дистрибуира
Потребни квалификации:
- Образование - ССС
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност
- Возачка дозвола Б - категорија - активно возење
Ние нудиме:
- Редовна плата + бонуси од сработеното
- Службен телефон и службено возило
- Обезбедена обука
- Работно време од понеделник до петок 08:00 - 16:30ч
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил,
пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
Повеќе информации на: www.rikomak.mk