ТГС Технички Гасови доо Скопје со основна дејност - производство и трговија со технички и медицински гасови, (кислород, азот, аргон, ацетилен, јаглерод диоксид, водород, хелиум, фреон и нивни мешавини), како и транспорт, дистрибуција и продажба на медицински и технички гасови, дизајн и технички решенија, монтажа на инсталации за потрошувачката на гас и трговија со опрема и уреди за користење на гасови
Распишува оглас за:
ИНЖЕНЕР ЗА ПРОДАЖБА - 2 позиции
Опис на работни задачи и обврски:
- Промоција и продажба на течни и компримирани гасови за индустрија
- Промоција и продажба на опрема и уреди за користење на гасови во индустрија
- Грижа за клиентите преку препознавање на нивните потреби за развој
Квалификации:
- Завршено високо образование ВСС (Машински, Технолошки, Електро или Хемиски факултет)
- Познавање на Англиски јазик
- Познавање работа во MS Office
- Возачка дозвола Б-Категорија
- Работата вклучува патувања и посета на терен
- Претходно работно искуство во продажба од најмалку 2 години
- Деловна култура, вештини за продажба и грижа за клиенти
- Мотивиран и енергичен тимски играч со добри комуникациски вештини
- Компетитивна плата, регрес, новогодишен надоместок и бонус
- Приватно здраствено осигурување, службен телефон и службено возило
- Обезбедена едукација и обука
- Работење во стабилна компанија каде се почитуваат етичките принципи, точноста и транспарентноста