Vrabotuvanje.com - Техничко лице сервисер на машини - Скопје - Медицал Адванце ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Техничко лице сервисер на машини

Скопје

Рок за пријавување:

  • Медицал Адванце ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: ул. Орце Николов бр.202/2-1, 1000 Скопје

Кои сме ние:

Медицал Адванце е компанија која е специјализирана за проекти, консултантски услуги, реализација (клуч на рака), инсталација, сервис, одржување и услуги, пред и по набавка и продажба на медицинска опрема и медицински материјали.

Лидер во својата област, тимот на Медицал Адванце советува при изработка на студија и набавка на опрема и медицински потрошен материјал. Компанијата придонесува за модернизација на здравствените установи со експертиза на светски познати партнери.

Ние сме официјални застапници на CISA Италија која е лидер за системите за стерилизација и дезинфекција, и машини за медицински и индустриски намени. Во 2011 година дадовме поддршка во инсталирањето на 33 стерилизатори на територијата на Македонија во градовите: Скопје, Велес, Kуманово, Кавадарци, Teтово, Гостивар, Струмица, Koчани , Штип, Гевгелија, Oхрид, Струга и Битола, а веќе денес е повеќекратно зголемена нашата експанзија, со која се гордееме.

Една од главните предности на Медицал Адванце е врвната услуга по продажбата на производите, достапноста и сигурноста кои се главни вредности на нашите продажни услуги нудејќи ефикасна интервенција од страна на високо образуваниот кадар.

Сервисираме и одржуваме медицинска опрема и опрема за стерилизација за сите типови на стерилизатори, останати професионални медицински машини, пумпи, електромотори, професионални машини за чистење, перење, сушење итн.

Medical Advance има потреба од вработување за следната работна позиција:

Техничко лице сервисер на машини

Лични карактеристики и потребни квалификации:

  • Минимум средно образование 
  • Задолжителна возачка дозвола “Б”-категорија 
  • Искуство со електрика и машинство 
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија 
  • Предност ќе имаат сите кандидати кои веќе имале искуство со електрика и машинство

Опис на работно место: 

  • Дневно извршување на задачите согласно претходен план со претпоставен 
  • Работа на терен, сервисни услуги на машини, инсталација, обуки за користење 
  • Одговорен за редовно известување на претпоставениот за завршените работни задачи, уредно водење на сервисна документација 
  • Исполнување на предвидените задачи во предвиден рок

Нудиме: 

  • Можност за сигурно и долгогодишно вработување 
  • Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 година, со можност за продолжување 
  • Работен однос со 40 часа неделно со работно време од понеделник до петок од 08:30h до 16:30h 
  • Постојана поддршка и помош од целиот тим на Работодавачот во периодот потребен за адаптација
  • Одлична работна атмосфера
  • Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски
  • Можност за учење и стекнување нови вештини
  • Редовна плата (износот зависи од образовните квалификации и работното искуство), регрес за годишен одмор, можност за брзо напредување

Доколку соодведствувате со позицијата и ги исполнувате погоре наведените критериуми, Ве покануваме својата Професионална биографија (CV) да ја доставите преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде