Vrabotuvanje.com - Дистрибутер/Возач - Скопје - Медицал Адванце ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дистрибутер/Возач

Скопје

Рок за пријавување:

  • Медицал Адванце ДООЕЛ Скопје
  • Адреса: ул. Орце Николов бр.202/2-1, 1000 Скопје

Кои сме ние:

Медицал Адванце е компанија која е специјализирана за проекти, консултантски услуги, реализација (клуч на рака), инсталација, сервис, одржување и услуги, пред и по набавка и продажба на медицинска опрема и медицински материјали.

Лидер во својата област, тимот на Медицал Адванце советува при изработка на студија и набавка на опрема и медицински потрошен материјал. Компанијата придонесува за модернизација на здравствените установи со експертиза на светски познати партнери.

Ние сме официјални застапници на CISA Италија која е лидер за системите за стерилизација и дезинфекција, и машини за медицински и индустриски намени. Во 2011 година дадовме поддршка во инсталирањето на 33 стерилизатори на територијата на Македонија во градовите: Скопје, Велес, Kуманово, Кавадарци, Teтово, Гостивар, Струмица, Koчани , Штип, Гевгелија, Oхрид, Струга и Битола, а веќе денес е повеќекратно зголемена нашата експанзија, со која се гордееме.

Една од главните предности на Медицал Адванце е врвната услуга по продажбата на производите, достапноста и сигурноста кои се главни вредности на нашите продажни услуги нудејќи ефикасна интервенција од страна на високо образуваниот кадар.

Сервисираме и одржуваме медицинска опрема и опрема за стерилизација за сите типови на стерилизатори, останати професионални медицински машини, пумпи, електромотори, професионални машини за чистење, перење, сушење итн.

Medical Advance има потреба од вработување за следната работна позиција:

Дистрибутер/Возач

Опис на работното место: 

  • Управува со товарно моторно возило - пикап 
  • Врши утовар, превоз и истовар на роба  
  • Уредно доставени и вратени документи од дистрибуција 
  • Грижа за возилото 

Профил на кандидат: 

  • Образование: Минимум ССС – Средна стручна спрема 
  • Возачка дозвола – Минимум Б категорија 
  • Работно искуство од минимум 1 година во дистрибуција 
  • Одговорност и лојалност 

Услови кои ги нуди компанијата: 

  • Обука на кандидатот во склоп на работењето 
  • Работниот однос се занова на определено време за период од 1 година, со можност за продолжување
  • Плата по договор 
  • Редовна плата, регрес за годишен одмор, можност за брзо напредување 
  • Работно време Понеделник – Петок : 8.30 – 16.30 часот 
  • Постојана поддршка и помош од целиот тим на Работодавачот во периодот потребен за адаптација

Доколку соодведствувате со позицијата и ги исполнувате погоре наведените критериуми, Ве покануваме својата Професионална биографија (CV) да ја доставите преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде