Iprotex е формирана со седиште во Германија од 1999 година.
Ипротекс групацијата всушност брои 9 локации низ целиот свет.
Компанијата се занимава со производство и продажба на производи за автомобилската индустрија, технички текстил и термоизолациони материјали, во шест различни земји.
Меѓународната ориентација е дел од нашата корпоративна политика со цел да бидеме блиски до нашите клиенти и пазари низ целиот свет. На овој начин гарантираме флексибилност, брзина на дејствување и ефикасни синџири на снабдување.
ТИМОТ НА ИПРОТЕКС ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛ ДООЕЛ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА РАБОТА СЕ ПРОШИРУВА!
ВРАБОТУВА:
ШИВАЧИ, КРОЈАЧИ, ОПЕРАТОРИ НА ДРИКЕР МАШИНА ВО АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА
(РЕОН СКОПЈЕ И КАВАДАРЦИ)
ИПРОТЕКС ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛ ДООЕЛ Илинден/ Скопје има потреба работници во производствениот погон во ТИРЗ- Бунарџик.
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство во конфекција ќе се смета за предност (пожелно е искуство во полето на автомобилската индустрија);
- Мотивација за надградување на работните вештини.
Личен профил:
- Тимски играч
- Трудољубивост
- Доверливост
Услови за работа:
- Колегијална и пријателска работна атмосфера;
- Солидни месечни примања;
- Редовен работен однос со дневно 8-часовно работно време, 40-часовно неделно работно време, сменска работа- прва и втора смена;
- Обезбеден транспорт од и до работното место и храна;
- Прекувремена работа, работа за викенд и работа на празник се плаќаат дополнително, согласно позитивните законски прописи и
- Можност за лично и професионално надоградување.
Напомена:
Во согласност со Законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.