Iprotex е формирана со седиште во Германија од 1999 година.
Ипротекс групацијата всушност брои 9 локации низ целиот свет.
Компанијата се занимава со производство и продажба на производи за автомобилската индустрија, технички текстил и термоизолациони материјали, во шест различни земји.
Меѓународната ориентација е дел од нашата корпоративна политика со цел да бидеме блиски до нашите клиенти и пазари низ целиот свет. На овој начин гарантираме флексибилност, брзина на дејствување и ефикасни синџири на снабдување.
ТИМОТ НА ИПРОТЕКС ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛ ДООЕЛ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА РАБОТА СЕ ПРОШИРУВА!
ВРАБОТУВА:
ОДРЖУВАЧ НА МАШИНИ
Друштво за производство, трговија, преработка и услуги ИПРОТЕКС ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛ ДООЕЛ Илинден, со седиште на ул.”Технолошка Индустриска Развојна Зона” бр.15 Илинден/Илинден, вработува
Личен Профил:
- Одлични комуникациски вештини и способност за работа во тим, љубезност, трудољубивост, совесност
- Одговорност во извршувањето на задачите и проактивен пристап кон работата.
- Одговорна и лојална личност и позитивен став
- Високо развиени аналитички и комуникациски способности
- Упорност и насоченост кон остварување на резултати
- Самоиницијативност при извршување на работните задачи
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Способност за организација
- Лојална, мотивирана и стабилна личност
- Способност за работа под притисок и во кратки рокови
- Флексибилност за работа во тим и самостојно работење
Одговорност и задачи:
- Подговува работно место, алат, машини и мерни инструменти;
- да ги проверува, приспособува и одржува опремата, машините, уредите и средствата што се користат во работата;
- да ги чита и разбира техничките цртежи и документација;
- да одредува потреба од резервни делови и потрошни материјали;
- да ажурира работни налози и техничка документација;
- да користи мерни инструменти во работењето;
- да врши сервисирање на машините;
- да врши монтажа на машини;
- да заменува резервни делови и ремени на ременски преносник;
- да заменува масло за хидрауличен погон, да контролира и дотерува ламелна спојка, зјај во лежиштата;
- да врши поправка на инсталација за ладење и подмачкување;
- да врши поправка на истрошени лизгачки површини;
- ја планира, подготвува, изведува и врши проверка на квалитетот;
- рационално користи средства за работа, енергија, материјал и време и
- да врши други работи и работни задачи кои произлегуваат од работната позиција.
Ги нудиме следниве услови за работа:
- Солидна почетна плата
- Исплата на прекувремена работа, работа за викенд, работа за празник согласно ЗРО
- Редовен работен однос со дневно 8-часовно работно време
- Обезбеден транспорт од и до работното место и храна
- Колегијална и пријателска работна атмосфера.
Доколку сметате дека ги исполнувате бараните квалификации и компетенции Ве охрабруваме да испратите CV преку полето Брза Апликација или на следниов email: martina.gjurovska@iprotex-nmk.com.
Напомена:
Во согласност со Законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.