Vrabotuvanje.com - Асистент во продажба - Скопје - ГЛИТЕРАТИ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент во продажба

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГЛИТЕРАТИ ДООЕЛ Скопје

 ​

Чувството на пријатност и уживање го сакаме сите и можноста да го уживаме понекогаш е во малите детали.

Познат светски бренд со докажан квалитет пристигна и кај нас. 

Професионализација и воведување високи стандарди во своето работење, заедно растеме и освојуваме нови хоризонти во продажбата. Доколку имате желба да бидете дел од тимот кој ги разбира, негува и препознава можностите за развој, Ве молиме проследете го следното:

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи Друштво за трговија и услуги ГЛИТЕРАТИ ДООЕЛ Скопје, го објавува следното слободно работно место:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА

​на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување

4 (четири) извршители

Услови што се бараат за вршење на работата:

  • ССС
  • Најмалку 2 (две) години работно искуство во струката ќе се смета за предност
  • Пожелно познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со комјутери-MS Office
  • Предност имаат кандидатие кои имаат искуство во продажба и ориентираност кон клиенти

Краток опис на работните обврски:

  • Одржување и почитување на стандардите на услуга;
  • Запознавање со производите;
  • Работа на каса согласно пропишаните процедури како и одговорност за наплатата;
  • Одговорен за продажба на производите на дневно, неделно и месечно ниво;
  • Одговорен за исплнување на зададените цели за продажба;
  • Учество во попис согласно пропишаните упатства на компанијата;

Потребни вештини

  • Организациски вештини
  • Комуникациски вештини
  • Способност за индивидуална и тимска работа

Работното време е од понеделник до недела, работа во смени и трае 40 часа неделно како и ден на неделен одмор.

Прва смена од 10 часот до 16 часот, втора смена од 16 часот до 22 часот и меѓу смена од 13 часот до 20 часот.

Распоредот на работно време е променлив согласно потребите на работното место.

Основната нето плата изнесува 27.000 денари плус дел од плата за работна успешнот (бонус), како и додатоците, работа во празници определени со закон, работа во недела, додаток за работен стаж и друго што произлегува од начинот на организирање на работото време.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: m.mihajlovska@yahoo.com со назнака ‘асистент во продажба’ или на ул. Лазар Мојсов бр.31/17 Скопје-Карпош во рок од 5 (пет) работни дена односно од 19.06.2024 година до 26.06.2024.

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :Доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

Напомена: Друштво за трговија и услуги ГЛИТЕРАТИ ДООЕЛ Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставивање на Вашата апликација за работа, согласни сте вашите лични податоци да бидат користени во процес на регрутација и селекција на кадри во друштвото, кое гарантира дека освен за наведената цел вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 12 месеци, сметано од денот на нивното добивање, освен во случај кога апликанотот псиемно ќе побара истите да бидат избришани пред истекот на утврдениот рок.

 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде