Vrabotuvanje.com - Менаџер на продавница - Скопје - Fashion Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер на продавница

Скопје

Рок за пријавување:

  • Fashion Group

Fashion Group Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.

Со цел проширување на тимот Fashion Group има потреба од:

МЕНАЏЕР НА ПРОДАВНИЦА

Главни обврски и одговорности:

  • Управување со продажните процеси во продажниот објект
  • Организирање и супервизија на активностите во продажниот објект
  • Изготвување и одржување на документацијата поврзана со работењето на продажниот објект и во согласност со законските регулативи
  • Водење евиденција за залихата и редовно надополнување
  • Следење и анализа на посетеноста, дневниот промет, продажни трендови и предвидување идни продажби
  • Следење и анализа на тековното работење и изготвување извештаи на неделно, месечно, квартално и годишно ниво за работењето на брендот и продажниот објект
  • Делегирање и распоред на работните обврски на членовите на тимот
  • Мотивација и задоволство на вработените. 

Образование, работно искуство и вештини:

  • ССС/ВСС
  • Пожелно е претходно искуство на иста или слична позиција
  • Напредно работење на компјутер - Познавање на MS Office (Excel, Power Point, Word)
  • Познавање англиски јазик - Поттикнување на тимска работа, соработка и позитивна атмосфера
  • Ориентираност кон резултати
  • Агилност, прилагодливост и флексибилност - Управување со време и приоритети

Ние Нудиме:

  • Можност да бидете дел од Компанија со одлична работна атмосфера
  • Конкурентна заработка
  • Дополнителни бонуси во зависност од остварени резултати
  • Поволности при пазарење во продавниците кои се дел од Групацијата
  • Можност за дополнително развивање и усовршвање преку обуки и семинари
  • Пакет бенефиции за лојални вработени

Доколку сметате дека ги поседувате потребните искуства и вештини аплицирајте преку полето Брза Апликација со назнака „Менаџер на продавница“

Напомена:

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци со обраќање на наведената електронска пошта во огласот.

 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде