Vrabotuvanje.com - Водител на смена во сектор производство - Електроника (Production Shift Supervisor) - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Водител на смена во сектор производство - Електроника (Production Shift Supervisor)

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 

Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?

Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од

Водител на смена во сектор производство - Електроника (Production Shift Supervisor)

 
Работни задачи и одговорности: 
  • Oдржување на протокот на работа преку следење на целокупниот процес на производство,
  • Намалување на корекциите на дефектите во контролните точки на процесот на производство,
  • Следење на контролните точки и опрема,
  • Комплетирање на планот за производство и организирање на персоналот за работа, утврдување приоритети, решавање на проблеми,
  • Пратење на целокупниот развој на вработените: нивна евалуација и постигнување на резултати,
  • Воспоставување и спроведување на стандардите на организацијата и обезбедување на работа на опремата со повикување на поправки; проценка на нова опрема и техники.
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС – Машински/ Електро инженер
  • Искуство во работа во SAP ќе се смета за предност
  • Способност за забележување на детели
  • Способност за работа со крајни рокови под притисок
  • Високи вештини за организација, мотивација и управување со тим
  • Самомотивирана личност со одлични комуникациски вештини
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail
 

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Сменоводител во производство – Електроника" преку полето Брза Апликација.

КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.

Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде