Vrabotuvanje.com - Надзорен инженер - Скопје - ГЕИНГ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Надзорен инженер

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГЕИНГ ДОО Скопје

 
 
Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
 

Oглас за работна позиција: Надзорен инженер 

 

Опис на работно место:

Надзорен инженер

Минимум потребни квалификации:

  • Образование: ВСП – Градежен факултет
  • Работно искуство: Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во струката
  • Возачка дозвола: Б категорија
  • Јазик: Англиски јазик
  • Работа со компјутери и задолжително познавање на: MS Office, Internet, ACAD и други
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

Опис на работни задачи:

  • Организира, координира и извршува активности при реализација на проекти – Надзор над изградба на градби од нискоградба и високоградба, согласно одредбите на Законот за Градење и останатите законски одредби и прописи кои се поврзани со градењето односно изведбата на објекти
  • Врши следење и контрола на квалитетот на градбата
  • Врши проверка на квалитетот и количините на вградените материјали при изградбата

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

  • Преку Брзата Апликација.
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 13.07.2024 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде