Oглас за работна позиција: Надзорен инженер
Опис на работно место:
Надзорен инженер
Минимум потребни квалификации:
- Образование: ВСП – Градежен факултет
- Работно искуство: Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во струката
- Возачка дозвола: Б категорија
- Јазик: Англиски јазик
- Работа со компјутери и задолжително познавање на: MS Office, Internet, ACAD и други
- Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
- Динамичност, ефективност и ефикасност
- Флексибилност и адаптибилност
- Тимска работа и кооперативност
- Решавање на проблеми
Опис на работни задачи:
- Организира, координира и извршува активности при реализација на проекти – Надзор над изградба на градби од нискоградба и високоградба, согласно одредбите на Законот за Градење и останатите законски одредби и прописи кои се поврзани со градењето односно изведбата на објекти
- Врши следење и контрола на квалитетот на градбата
- Врши проверка на квалитетот и количините на вградените материјали при изградбата
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
- Преку Брзата Апликација.
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 13.07.2024 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.