Vrabotuvanje.com - Работник на када за поцинкување - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Работник на када за поцинкување

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје

Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.

Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.

За потребите на нашето производство, на одделот Поцинкална, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:

Работник на када за поцинкување

Клучни одговорности:

  • Врши дополнување на цинк во кадата за растопен цинк
  • Помошни работи околу џет системот на када
  • Учествува при процесот на вадење на долна згура од кадата
  • При скината трака на било кој дел од постројката се анагжира за обновување на истата и ставање на линијата за поцинкуван лим во функција
  • Учествува во ремонти на линијата за поцинкуван лим и чистење на целата постројка

Личен профил:

  • Со или без работно искуство
  • Можност за работа во смени
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа 

Што нудиме:

  • Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој.
  • Конкурентен надомест
  • Исплата на регрес за годишен одмор
  • Обезбеден оброк во менза 
  • Конкурентен надомест како и
  • ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ.

Доколку барате можност за работа на предизвикувачки проекти, со цел да влијаете на бизнисот на позитивен начин, Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза апликација.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација ние ќе ги обработуваме Вашите лични податоци како преддоговорна активност или, доколку се согласите ќе ги чуваме во нашата база на кандидати. Вие можете да ја повлечете Вашата согласност во секое време со испраќање на барање на електронската пошта: HRJobs.Skopje@libertysteelgroup.com. Либерти Скопје е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде