Vrabotuvanje.com - Машински техничар - Скопје - МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Машински техничар

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ

 

Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби. Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.

Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.

Во моментов, во рамки на нашиот тим за Одржување, отворено е следново работно место:

 
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
 

Опис на работно место:

  • Извршување на активности во делот на машинско одржување како: сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично, на машинската опрема која се користи во производниот процес;
  • Контрола, дефектажа и отклонување на причината за дефектот на постројките и опремата;
  • Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.

Работни услови: Работа во три смени, повремена работа на височина.

Потребни квалификации:

  • III или IV степен на стручна подготовка, машинска струка ќе се смета за предност;
  • Со и без работно искуство;
  • Способност и желба за тимска работа;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност.

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на kariera@makstil.com.mk, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 01.07.2024 година.

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Машински техничар и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде