Vrabotuvanje.com - Специјалист за онлајн поддршка - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за онлајн поддршка

Скопје

Рок за пријавување:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници. Нашите корисници се во фокусот на нашето работење и за нив обликуваме дигитални продукти кои ќе ги доближат нашите услуги до секој корисник, во секое време и од секаде на едноставен, комфорен и доверлив начин.

Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.

Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.

Специјалист за онлајн поддршка (активно познавање на Албански јазик)

Во моментов имаме потреба од млади и талентирани лица кои ќе се приклучат на нашиот тим за онлајн поддршка и кои со своите одлични комуникациски вештини ќе обезбедат квалитетна и навремена услуга на нашите постоечки и потенцијални корисници преку социјалните медиуми.

  • Имаш желба и способност за брзо учење и стекнување нови знаења?
  • Имаш искуство во е-маил комуникација или комуникација преку социјални медиуми со корисници?
  • Сакаш да решаваш кориснички проблеми?
  • Имаш интерес за дигитални технологии?

Доколку твојот одговор е ДА, те очекуваме!

Работни задачи:

  • Коресподенција на нашите корисници преку е-маил комуникација или некој од социјалните медиуми за информации за понуди, сметки и технички инструкции
  • Едукација на корисниците за начинот на користење на услугите
  • Помош при решавање на кориснички проблеми
  • Проактивна продажба
  • Активации/Деактивации на услуги и промени на кориснички податоци и тарифни модели

Потребни квалификации:

  • 1 година соодветно работно искуство ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на Македонски и Албански јазик
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office
  • Корисничка ориентираност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Амбициозност и желба за постојано учење

Што очекуваме:

  • Ориентираност кон клиенти
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Способности за справување со стресни и конфликтни ситуации
  • Вљубеник во технологијата

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

  • Работа во смени.

Како да аплицирате: Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Специјалист за онлајн поддршка.

Контакт информации тел. 02/2 3 242-694

Огласот ќе биде отворен од 24.06.2024 до 01.07.2024.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде