Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:
Локација: Скопје
Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер на Филип Морис ТКП од 2014 година. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на РРП тимот за продажба на IQOS™/Lil уреди од категоријата производи со намален ризик на компанијата Philip Morris International.
Што претставува IQOS™?
IQOS™ е револуционерен производ на компанијата Philip Morris International кој, за разлика од обичните цигари кои го согоруваат тутунот, работи на принцип на загревање на тутунот. За повеќе информации за производот посетете го сајтот www.pmiscience.com/our-products/platform1
Како IQOS Консултант ќе бидете одговорни за:
- Зголемување на продажбата и унапредување на процесите кај IQOS деловните партнери;
- Координирање, посета и контрола на деловните партнери од својата територија по претходно утврдена агенда;
- Одговорен за креирање на нарачки од страна на деловните партнери;
- Контрола на залиха и избегнување на OOS (out of stock);
- Асистенција при потпишување нови договори за деловна соработка;
- Асистенција и обука при имплементирање на софтвер за малопродажба кај секој нов деловен партнер.
Доколку сте:
- Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на потрошувачите;
- Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
- Ориентирани кон иновации и нови технологии;
- Тимски ориентиран со желба за работа во динамична средина.
И поседувате:
- Најмалку IV степен стручна подготовка (пожелно универзитетска диплома);
- Познавање англиски јазик (основно ниво на познавање);
- Познавање MS Office (основно ниво на познавање);
- Искуство во продажба (пожелно во малопродажба).
Ние ви нудиме:
- Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим;
- Нето месечна заработка од 39.170 МКД + атрактивен месечен бонус до 300 евра
- Службено возило;
- Работно време: 40 часа неделно.
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија на e-mail: iskra.dimitrieva@expanda.com.mk
Рок за доставување пријави e до 10.07.2024 година .
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.