Vrabotuvanje.com - Брокер за осигурување / Администратор - Скопје - Скопје - AUTOMAKEDONIJA
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Брокер за осигурување / Администратор - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • AUTOMAKEDONIJA


Доколку сте амбициозни, комуникативни, сакате предизвик и имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на тимот на АМ Брокер АД – Групација Аутомакедонија, на 2 работните позиции:

 

БРОКЕР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ во Скопје

Опис на работното место:

  • Одговорен за комплетното работење на експозитура
  • Одговорен за организирање на продажбата
  • Определување специфични целни групи за продажба
  • Осмислување и реализација на креативни продажни кампањи
  • Грижа за клиенти

Потребни квалификации:

  • Лиценца за осигурителен брокер
  • Средно образование ( Високо образование ќе се смета за предност)
  • Минимум 2 години работно искуство во осигурување
  • Изразени комуникациски и презентациски вештини
  • Познавање од областа на компјутерско работење (MS Office)
  • Поседување на возачка дозвола (Б Категорија)

 

АДМИНИСТРАТОР во Скопје

Опис на работното место:

  • Одговорен е за извршување на работата и квалитетот на извршената работа од својот домен на работа
  • Се грижи за почитување на правилата за одржување на документите (строга евиденција)
  • Поднесува извештаи за продажбата на осигурување
  • Редовно фактурирање по издадените полиси
  • Сложува документација со сектор финансии
  • Одговорен за исправно пополнета документација во врска со продажбата (полиси, евиденција на нови клиенти)

Потребни квалификации:

  • Средно образование ( Високо образование ќе се смета за предност)
  • Минимум 1 години работно искуство
  • Изразени комуникациски и презентациски вештини
  • Познавање од областа на компјутерско работење (MS Office)
  • Поседување на возачка дозвола (Б Категорија)

 

АМ Брокер АД – Групација Аутомакедонија нуди конкурентен финансиски надомест, атрактивен деловен пакет, динамична работна средина, можности за обуки и кариерен развој. Изборот ќе се направи со јасни критериуми по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.

Ако сте заинтересирани и сте сигурни дека ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го вашето резиме (Curriculum Vitae) и мотивационо писмо преку Брзата Апликација најдоцна до 05.07.2024 година.

  
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде