Vrabotuvanje.com - Ракувач со машини - оператор - Скопје - ВИВАКС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ракувач со машини - оператор

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВИВАКС ДОО

Вивакс е македонска компанија која постои повеќе од 30 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.


 
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
 

РАКУВАЧ СО МАШИНИ - ОПЕРАТОР


 
Одговорности и задачи:
  • Да ракува со машината на која е распределен согласно Упатствата за работа со машините;
  • Да се грижи за техничка исправност на машината согласно неговата стручност;

Потребни квалификации:
  • Минимум ССС – електро/машински техничар се смета за предност;
  • Најмалку 1 година работно искуство;

Од кандидатот очекуваме:
  • Способност за работа во тим;
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
  • Организираност и одговорност;
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.

Ви нудиме:
  • Минимална месечна плата во висина од 40.000 денари, (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција, додатоците на плата по основ на: минат труд, ноќен труд, бонус, оброк и други, согласно законските прописи);
  • Исплата на прекувремени часови;
  • Исплата на регрес за годишен одмор;
  • Напредување во работата;
  • Награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
  • Обезбеден оброк;
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера


Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “РАКУВАЧ СО МАШИНИ - ОПЕРАТОР“.

Конкурсот е отворен 10 работни дена од неговото објавување (од 27.06.2024 до 10.07.2024 година).

Напомена:
Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира, НЕМА да бидат разгледани!

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде