Vrabotuvanje.com - Менаџер за човечки ресурси - Скопје - КОЛИД ФУДС ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • КОЛИД ФУДС ДООЕЛ
  • Адреса: ул.6 С.Колешино, 2400 Струмица
  • Веб страна: http://www.kolidfoods.com

 

Водечка компанија од областа на увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, застапник на реномирани брендови.

Има потреба да вработи:

Менаџер за човечки ресурси

Главни одговорности:

  • Го развива и имплементира планирањето на персоналот во неговата/нејзината област во соработка со претпоставениот и се грижи да се вработува соодветно квалификуван персонал на ниво на компанија.
  • Развива програми и процеси во одделот за човечки ресурси преку соодветна експертиза (пр. познавање на методи, процеси, итн.).
  • Дефинира правилници за имплементација на програми во човечки ресурси.
  • Надзор при планирањето на персоналот и регрутација (организирање на интервјуа итн.).
  • Поддршка на сите оддели во компанијата во однос на развој на персоналот.
  • Клучно лице за контакт при помагањето на менаџерите со сите тематики околу човечките ресурси и легислативата на вработените.
  • Постојаност во познавањето на македонскиот закон за работни односи.
  • Следење на стандарди за договори за вработување и останати правни документи.
  • Преговарање со вработени/менаџери во врска со плати.
  • Контрола и следење на организацискиот тек во однос на одмори, работни распореди и смени за работа
  • Организирање и администрација на развојот на персоналот.
  • Организирање  на надворешни  обуки за персоналот.
  • Развој на вработени и талент менаџмент систем.
  • Процедури за работа.
  • Системи за награди и казни.
  • Мерење на перформанс на вработените.
  • Мерење на ниво на задоволство.
  • Евалуација на вработените.

Квалификации

  • Докажано работно искуство како менаџер за човечки ресурси најмалку 2 години.
  • Познавање на HR системи.
  • Одлични вештини за активно слушање, преговарање и презентација
  • Компетентност за градење и ефективно управување со меѓучовечките односи на сите нивоа на компанијата
  • Способност за комуникација со вработени на различни нивоа и справување со комплексни ситуации.
  • Професионален и позитивен однос.


Сите заинтересирани кандидати,ги охрабруваме да се пријават! Сите апликанти ќе бидат контактирани.

 Вашата професионална биографија (CV) можете да ги испратите преку полето „Брза Апликација“.
 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде