Vrabotuvanje.com - Овластен сметководител - Скопје - ЕНЕРГО СИСТЕМ Михајло и Зоран ДОО увоз-извоз Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Овластен сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕНЕРГО СИСТЕМ Михајло и Зоран ДОО увоз-извоз Скопје

Енерго Систем ДОО е компанија која 30 години постои на македонскиот пазар и е етаблирана како лидер во областа на проектирањето и изведувањето објекти од областа на термо технички инсталации, греење, ладење и вентилација, гасоводни инсталации, проекти за заштеда на енергијата и обновливи извори на енергија, како и во областа на производство на вентилациони канали.

Компанијата е континуирано рангирана во топ 200 најголеми и најуспешни компании во Македонија, и во моментов брои 75 вработени.

Работната позиција овластен сметководител нуди можност за напредување во кариерата работејќи во потврдена и организирана компанија

ЕНЕРГО СИСТЕМ ДОО Скопје вработува
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
 

Критериуми за работно место:
  • Високо образование – Економски факултет, поседување диплома од областа на сметководство, финансии или ревизија;
  • Поседување лиценца за овластен сметководител со работно искуство од најмалку 3 години;
  • Познавање на МСФИ
  • Одлично владеење на програмскиот пакет MS Office, особено MS Excel;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање ЕРП системи и искуство во работа со Пантеон ќе се смета за предност.
 
Професионални знаења и способности:
  • Аналитички способности, организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Исполнителност;
  • Ефективност, ефикасност, прецизност и навременост;
  • Доверливост, лојалност и професионалност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
Работни задачи:
  • Прием и проверка на влезна и излезна документација и нејзино сметководствено евидентирање
  • Книжење денарски и девизни изводи и затварање на отворени ставки
  • Сложување на картици со коминтенти и изготвување на компензации
  • Обработка на влезни калкулации и распределба на трошоци по трошковни места
  • Подготовка за исплата на плати, даноци и придонеси од плата согласно законските прописи и други лични плаќања
  • Активно учество во процесот на изготвување на годишната сметка
  • Следење на сметководствените и даночните политики и обезбедување усогласеност со правилата и прописите
Нудиме:
  • Динамична и професионална работна средина
  • Можност на напредување во кариерата
  • Конкурентна плата соодветна на работното искуство
  • Редовно посетување на КПУ обуки, конференции
  • Работно време: понеделник – петок од 8 – 16 часот.

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде