Енерго Систем ДОО е компанија која 30 години постои на македонскиот пазар и е етаблирана како лидер во областа на проектирањето и изведувањето објекти од областа на термо технички инсталации, греење, ладење и вентилација, гасоводни инсталации, проекти за заштеда на енергијата и обновливи извори на енергија, како и во областа на производство на вентилациони канали.
Компанијата е континуирано рангирана во топ 200 најголеми и најуспешни компании во Македонија, и во моментов брои 75 вработени.
Работната позиција овластен сметководител нуди можност за напредување во кариерата работејќи во потврдена и организирана компанија
ЕНЕРГО СИСТЕМ ДОО Скопје вработува
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Критериуми за работно место:
- Високо образование – Економски факултет, поседување диплома од областа на сметководство, финансии или ревизија;
- Поседување лиценца за овластен сметководител со работно искуство од најмалку 3 години;
- Познавање на МСФИ
- Одлично владеење на програмскиот пакет MS Office, особено MS Excel;
- Познавање на англиски јазик;
- Познавање ЕРП системи и искуство во работа со Пантеон ќе се смета за предност.
Професионални знаења и способности:
- Аналитички способности, организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Исполнителност;
- Ефективност, ефикасност, прецизност и навременост;
- Доверливост, лојалност и професионалност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
Работни задачи:
- Прием и проверка на влезна и излезна документација и нејзино сметководствено евидентирање
- Книжење денарски и девизни изводи и затварање на отворени ставки
- Сложување на картици со коминтенти и изготвување на компензации
- Обработка на влезни калкулации и распределба на трошоци по трошковни места
- Подготовка за исплата на плати, даноци и придонеси од плата согласно законските прописи и други лични плаќања
- Активно учество во процесот на изготвување на годишната сметка
- Следење на сметководствените и даночните политики и обезбедување усогласеност со правилата и прописите
Нудиме:
- Динамична и професионална работна средина
- Можност на напредување во кариерата
- Конкурентна плата соодветна на работното искуство
- Редовно посетување на КПУ обуки, конференции
- Работно време: понеделник – петок од 8 – 16 часот.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку полето Брза Апликација.