Vrabotuvanje.com - Возач/Дистрибутер - Скопје - СОЛЕТА ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Возач/Дистрибутер

Скопје

Рок за пријавување:

  • СОЛЕТА ДОО

СОЛЕТА е успешна Македонска приказна која во изминатите 20 години со труд и напорна работа успеа да се изгради во препознатлив бренд со асортиман од 70-тина производи чијшто број во континуитет се зголемува, а за тоа е најзаслужен тимот од 110 вработени кој е распространет во секторите за производство, дистрибуција и продажба.

Поради зголемен обем на работа ИМП СОЛЕТА има потреба од 1 лице на следното работно место

ВОЗАЧ- ДИСТРИБУТЕР

 
 
Kвалификации:
  • Минимум ССС
  • Претходно работно искуство на иста позиција 
  • Возачка дозвола Б или Ц категорија
  • Место на живеење - Скопје
 
Личен профил:
  • Одговорна  и организирана личност 
  • Лојалност и чесност
  • Професионален пристап кон работата
  • Способност за индивидуална и тимска работа
 
Одговорности и задачи:
  • Контрола и утовар на сопственото возило (комбе)
  • Одговорност за количината на примена и истоварена количина
  • Транспорт на стоката на цела територија на РМ по однапред зададени дневни рути
  • Завршување на дневните зададени работни задачи во целост
  • Грижа за исправноста на возилото
  • Работното место не се однесува за возачи на камиони.
 
Услови за работа:
 
  • Работа прва смена (работна секоја втора Сабота)
  • Годишен одмор – 20 работни дена
  • Плата 30.000 до 35.000 зависност од категоријата и искуството + дневници ( за дистрибутивни рути надвор од Скопје)
  • Регрес за годишен одмор (К15)

​Вашите пријави испратете ги преку полето Брза Апликација!
 

Разгледување , селектирање и интервјуирање на пријавените кандидати ќе се врши во времетраење на огласот и најдоцна 30 дена по завршување на истиот.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде