Во ФОРТОН групацијата ги генерираме најголемите трансакции на станбени и комерцијални недвижности на македонскиот пазар. Нашиот тим се состои од преку 50 професионалци во индустријата поврзана со недвижностите, како и градежништвото.
Нашата стратегија е во три насоки:
- Да ја развиеме сè повеќе секоја компанија во рамките на групацијата;
- Да креираме нови компании и нови проекти поврзани со недвижности;
- Да одржиме највисоки стандарди во респективниот сегмент преку креирање иновација и дигитализација во станбените и коменрцијални недвижности.
ФОРТОНМКА ИНВЕСТ, како дел од ФОРТОН групацијата, работи со инвестирање во проекти поврзани со недвижности. За потребите на секојдневното-оперативно работење и зголемен интензитет на активности, компанијата го проширува својот тим со нова работна позиција
Административен асистент
Работни задачи:
- Kомуникација и организација со клиенти, прием на повици, е-маил пораки;
- Водење и документирање на архива;
- Постојана комуникација со јавни институции, поднесување барања и сл;
- Набавка на материјали потребни за секојдневно функционирање во фирмата;
- Менаџирање и архивирање на податоци, како и ажурирање на дата-бази на контакти, oбновувања на договори;
- Вршење на пријави и одјави на времено вработените лица во релевантните институции (АВРСМ, ФЗО и сл.);
- Учество во подготовка на основни административни документи.
Квалификации
- Високо образование;
- Претходно работно искуство на слична работна позиција ќе се смета за предност;
- Одлични комуникациски и презентациски способности;
- Одлично познавање на работа со компјутери и MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook, Power Point и др.);
- Познавање на англиски јазик;
- Организациски и аналитички способности.
Потребна документација за аплицирање:
- Ваша професионална биографија (CV на македонски или ангиски јазик)
Финален временски рок за поднесување на апликацијата:
- Датум: 08.07.2024
- Апликациите за работната позиција да се да се доставуваат на e-mail адреса info@fortoninvest.mk
Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.