Vrabotuvanje.com - Проектен асистент - Скопје - IDEAS DePo
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Проектен асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • IDEAS DePo


 

ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈНИ ПОЛИТИКИ IDEAS DEPO ВРАБОТУВА

ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ

OДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:

Примарна одговорност на проектниот асистент е да ги извршува административните задачи и да работи директно со тимот за управување со проектот. Проектниот асистент ќе ги извршува административните должности со собирање податоци, сортирање, поднесување и испраќање проектни документи до соодветниот персонал, консултанти и засегнати страни. Асистентот на проектот, исто така, ќе обезбеди помош во секојдневните задачи и активности и ќе обезбеди непречена комуникација помеѓу сите релевантни страни вклучени во проектите.

Проектниот асистент ќе води евиденција за сите информации поврзани со извршување на проектите и ќе му помага на тимот за управување со проекти. Проектниот асистент ќе биде одговорен за подготовка и следење на состаноците и презентациите, соодветно ќе ги поднесува сите проектни документи, извештаи и записници, ќе ги извршува задачите што ги бара проектниот менаџер за поддршка на потребите на проектот и ќе работи во соработка со проектниот менаџер и со целиот проектен тим, придонесувајќи во целокупниот животен циклус на проектот.

Проектниот асистент ќе биде ангажиран и за одредени задачи и активности од областа на внатрешна и надворешна комуникација, што може да вклучи комуникација со лица за комуникaција од донатори, други организации и медиуми, како и подготовка на содржина и одржување на социјални мрежи и веб страница поврзани со активностите на проектите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено високо образование (предност ќе имаат кандидатите со завршен економски, правен или факултет за бизнис администрација)
  • Претходно искуство со програми/проекти финансирани од УСАИД и/или програми на други меѓународни организации ќе се смета за предност.

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ:

  • Усна и писмена комуникација на англиски јазик
  • Добри комуникациски вештини и тимски дух
  • Структуриран начин на работа
  • Високо ниво на лична одговорност и самодисциплина
  • Соодветно управување со чувствителните информации и одржување доверливост
  • Способност за извршување на работните задачи во зададени рокови
  • Високо организиран/а со осврт и внимание на детали и проактивен
  • Средно ниво на познавање и работа со програмите на Microsoft Office како Excel и Word
  • Подготовка на содржини и одржување на веб страници и социјални мрежи ќе се смета за предност
  • Способност за работа во тим или самостојно по потреба


Ве молиме аплицирајте со испраќање на вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со наслов: Проектен асистент.

Краен рок за поднесување на апликации: 08.06.2024.

Некомплетните апликации нема да се земаат во предвид.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде