Vrabotuvanje.com - Администратор за човечки потенцијали - Скопје - Атлантик Група
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Администратор за човечки потенцијали

Скопје

Рок за пријавување:

  • Атлантик Група

Сакаш да ја збогатиш својата кариера со нови вкусови?
Имаме права позиција за тебе!

АДМИНИСТРАТОР ЗА ЧОВЕЧКИ ПОТЕНЦИЈАЛИ
- ангажман на определен временски период (замена за породилно отсуство) -
 
 
 
АКО:
  • си комуникативна личност и те исполнува соработката со колеги;
  • имаш искуство со програми за евиденција на вработени;
  • ја сакаш динамичноста и важна ти е брзината и квалитетот на извршените задачи;
  • имаш искуство со пресметка на плати и познавање на законот за работни односи (пожелно);
  • имаш завршено високо образование;
  • го познаваш МS Office пакетот (Еxcel);
  • имаш доволно познавање на српскиот и англискиот јазик за деловна комуникација;
  • имаш возачка дозвола Б категорија. 
 
ТОГАШ, ПОЗИЦИЈАТА АДМИНИСТРАТОР НА ЧОВЕЧКИ ПОТЕНЦИЈАЛИ ТИ НУДИ МОЖНОСТ ДА: 
  • Бидеш одговoрен за административниот процес поврзан со нови и постоечки вработени, подготовка на документација во доменот на човечки ресурси,
  • Се грижиш за усогласување со законската регулатива и подготвуваш различни извештаи,
  • Учествуваш во подготовката за исплата на плата,
  • Се грижиш за одржување на дата базите на вработени во HRIS и го следиш процесот за комплетирање на документацијата во хартиена форма,
  • Учествуваш во иницијативи и проекти во координација со Бизнис партнерот за човечки ресурси и директно надредениот,
  • Бидеш вклучен во процесот на селекција во делот на поставување и прилагодување на огласи, CV screening и договарање на интервјуа.

ОД НАС МОЖЕШ ДА ОЧЕКУВАШ:

  • Атлантик Група ти нуди многубројни бенефиции; покрај месечен систем на наградување, тука се и божиќница и регрес.
  • На нашите вработени им стои на располагање широк дијапазон различни едукации и развојни програми во согласност со работните потреби.
  • Во Атлантик на вработените им пристапуваме холистички и важно ни е да се чувствуваат добро во сите аспекти на својот живот и да постигнат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот: Atlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Spirit и Atlantic Soul се различни програми кои ти овозможуваат да се посветиш на она што ти е важно, било да станува збор за спортски активности, едукации или волонтирање.
  • Сепак, она што е најважно не е напишано на лист, ќе работиш со луѓе кои ја сакаат својата работа и функционираат како мускетарски тим – сите за еден, еден за сите. 

Заинтересиран/а си? Пријави се и дај ни можност да се запознаеме.

Атлантиковци

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде