Vrabotuvanje.com - Платена практикантска работа во Сектор за животна средина - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Платена практикантска работа во Сектор за животна средина

Скопје

Рок за пријавување:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

 

 
Сакаш да се стекнеш со практично знаење и искуство во интернационална компанија која работи според највисоките стандарди за безбедност и здравје при работа?
 
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН

Објавува
ОГЛАС
ЗА ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

во СЕКТОР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ
 
Цементарница УСЈЕ, како компанија чија стратешка оптределба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, започнува ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНСТКА РАБОТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ. Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе. 
 
Како дел од Програмата, Цементарница УСЈЕ објавува оглас за платена ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА во Секторот за животна средина. 
 
Програмата ги опфаќа следните области:
  • Учество во администрирање на документацијата осгласно законските барања од областа на заштита на животната средина, како и интерните системи и процедури
  • Администрирање и евидентирање на податоци поврзани со заштитата на животната средина
  • Учество во прибирање и обработка на податоци за месечни и годишни извештаи кои ги изготвува Секторот за животна средина.

Квалификации на кандидатите:

  • Кандидатите треба да бидат без работно искуство, дипломирани или во завршна година на студиите Дипломиран инженер или завршна година на технолошки, хемиски, електротехнички, машински или градежен факултет.
  • Одлично пoзнавање на Microsoft Office апликации
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV)
3.  Доказ за образование (уверение за дипломирање или за положени испити)

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Ангажирањето во програмата за практикантска работа трае определено време до 6 месеци, со можност за продолжување.
Учесниците во програмата ќе добијат Потврда за обученост во соодветната област од Цементарница Усје и ќе бидат земени предвид при идни вработувања.
Аплицирањето се врши само на меил hr@usje.mk каде заинтересираните кандидати треба да ги прикачат потребните документи.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сигурност и заштита изнесува 22.035 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде