ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИК - ВОДИЧ, ПРАТИТЕЛ
Придружете ни се и станете дел од нашата компанија лидер во рецептивниот туризам во Македонија и Балканот!
Нашата компанија е лидер во туристичката индустријата во Балканот и со силно присуство на Европскиот пазар, во моментов врши проширување на својот тим и бара мотивирани и амбициозни кандидати за следниве позиции:
1. **Оперативец на #Турски јазик за Европски пазар** - Бараме кандидат со одлично познавање на #турски и #англиски јазик, способен за ефикасна комуникација и управување со задачи на Европскиот пазар за Турски туристички групи.
2. **Оперативец за Европски пазар** - Бараме кандидат кој одлично го владее #англискиот јазик, со способност за работа во динамично окружење и спремен за предизвиците на Европскиот пазар за туристички групи од #Азија.
3. **Дaта администратор** - Во потрага сме за детално ориентиран и технички способен кандидат за управување со нашата база на податоци и осигурување на безбедноста и интегритетот на податоците и внесување на идеи во нашиот ИТ систем.
**Нудиме одлични услови за нашите вработени:**
- Одлични месечни примања
- 13-та плата (К-15)
- 14-та плата (Бонус за сработено)
- Квартални бонуси одредени со постигнување на таргети
- 21 ден годишен одмор кој може да се искористи и во највисока сезона!
- Сабота и недела не работни
- Работите во интернационална компанија која соработува со најразвиенитре држави ви светот.
**Зошто да се приклучите?**
Ние веруваме дека нашиот успех произлегува од нашите вработени и нивната посветеност. Поддржуваме развој и напредок, охрабруваме иновации и креативност, и нудиме конкурентни услови кои го збогатуваат вашето работно искуство.
Ако сте мотивирани, имате страст кон поставувањето и достигнувањето на цели, и сакате да работите во стимулативно окружење, ние со нетрпение го очекуваме вашето CV и мотивационо писмо.
**Пријавете се сега и започнете го вашето патување со нас!**
---
Ве молиме испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку Брзата Апликација до 15ти Март.